Се повлече од јавниот живот, не се појавува на семејни собири: Погледнете како сега изгледа Стефан Живојиновиќ!
Донесе одлука да престане со пеење...
Стефан Живојиновиќ, постариот син на пејачката Лепа Брена и поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ, некогаш беше успешен пејач кој реши да оди по стапккте на својата славна мајка но сепак кога кариерата му одеше во нагорна линија тој реши да се повлече од јавноста и да се посвети на приватниот бизнис.
Во 2020 година Стефан реши да продолжи со својот живот подалеку од камерите, а се повлече и од социјалните мрежи, поради што луѓето не знаеја што се случи со него и како изгледа сега.
Поранешниот пејач наполни 31 година, а неговиот брат Виктор на својот Инстаграм профил сподели фотографија од семејната забава, на која се гледа дека Стефан го променкл имиџот, ја подраснал косата, но и брадата.
– Среќен роденден бато – напиша Виктор во описот на фотографијата на која се Филип, Стефан, тој и нивниот татко Слободан.
Неговата мајка Лепа Брена јавно проговори за одлуката на нејзиниот син да ја напушти музичката кариера.
– Ја поддржавме неговата одлука повеќе да не се занимава со музика. Ако сме способни да прифатиме туѓи одлуки, зошто не би ги прифатиле одлуките на нашите деца. Важно ми е нашите деца да се среќни, а што ќе прават е прашање на нивниот избор, кој јас и Боба секогаш го поддржуваме.
– Со Стефан се е во совршен ред, тој сега се занимава со друга работа. Не се појавува на големи собири за да не се зарази од корона. Тоа е единствената приказна што е релевантна. Се гледаме во куќата и се дружиме, сосема нормално – изјави тогаш Брена за „Стори“.