Се повеќе парови НЕ МОЖАТ да имаат деца, но причината за тоа НЕ е неплодноста, туку лошите навики што ги имаме сите
Не размислувајте на тоа дека ви минува вашиот биолошки часовник и дека сте задоцниле, не размислувајте за болестите и препреките, фокусирајте се на позитивните и опуштените мисли, бидете опкружени со луѓе со кои постојано е се смеете и помалку ќе мислите на проблемите.
За жал во денешно време потешкотиите околу зачнувањето воопшто не се ретка појава и преставуваат голем проблем на паровите. Еве некои од причините зошто тоа е така:
Ослободете се од стресот
Можеби мислите дека не е важен, но верувајте стресот и исцрпеноста се едни од најважните фактори во овој проблем. Имено, живееме во време во кое речиси е невозможно потполно да ги исфрлите стресот од вашито живот и навистина е многу тешко да се избегнат сите ситуации во кои тој се создава. Токму затоа и го нарекуват тивок убиец на денешното време, а животот со него станува исцрпувачка трка која секогаш ја губи оној што нема да се придржува до основните правила за победа. А тоа можат да бидат масажите и било какви други активности кои ве опутаат и кои ќе ви омогнат да се соочите со тешките животни ситуации кои постојано ве демнеат.
Треба да најдете начин кој најмногу ве опушта, без разлика али тоа ќе биде некој спорт, прошетка во природа или медитација. Преголемите обврски на работа и активности треба да се изрегулираат колку е можно повеќе и тоа преку опуштање кое најдобро ви делува. Кога хормонскиот состав ќе биде ускладен, тогаш и репродуктивното здравје ќе биде подобро.
Не претерувајте со вежбање
Но не треба да заборавите дека понекогаш и претерано вежбање може да биде причина поради која не можете да зачнете. Ако вашето тело е премногу исцрпено од вежбање, а премалку одморено, и покрај тоа што ги имате најдобрите намери, не заборавајте дека ова исто така може да му наштети на процесот на зачнување. Затоа пронајдете добар баланс измеѓу потполната неактивност и претераното вежбање и избирајте ги само оние активности кои ве исполнуваат и поради кои се чувствувате добро во ваша кожа.
Од друга страна, ако имате проблем со килограмите, не треба да се ориентирате на тоа што побрзо да се решите од нив. Наместо тоа побарајте помош од професионален тренер и прилагодите ја вашата цел со вашите можности. Не заборавајте дека бргу изгубените килограми брзо се враќаат, па затоа започнете да ги гледате работите на долги патеки. Дајте си доволно време за да ги постигнете посакуваните резултати. Поентата е здравиот живот да ви стане навика, а не само попатна станица. Оние пак што имаат проблем со недостаток на килограми, нутриционистите и фитнес тренерите можат да им помогнат многу со нивните совети.
Ваше е само да останете доследни…
Нездрава храна
Пушењето, алкохолот, прескокнувањето на појадок или премногу намирници кои му штетат на организмот, можат да допринесат за тоа да не можете да останете во блажена состојба. Затоа внимавајте колку јаглехидрати или шеќери внесувате во вашиот организам и НЕ заборавајте дека доколку внесувате повеќе од дозволеното тоа може да биде и главната пречка што не можете да зачнете. И вашата телесна тежина исто така треба да биде во склад со препораките бидејќи дебелината, како и недоволната тежина можат исто така да бидат фактори за неплодност.
Исто така и наглото губење на килограми може да биде причина за недостаток на овулација и неплодност, затоа најдобро ви е што побрзо да преминете на здрав начин на исхрана.
Маж
Бројни фактори влијаат на репродуктивното, но и на општото здравје, затоа се препорачува и вие и вашиот партнер да направите комплетен систематски преглед пред да започнете со „работа“, односно да станете свесни дека и двајцата треба да внимавате на животните навики.
Бидете поддршка еден на друг, опуштете се и насочете го вашето внимание кон љубовта.
Не оптоварувајте се премногу со желбата да останете бремена
Невозможноста да зачнете и преголемата желба за тоа можат многу лесно да го создадат таканаречениот емоционален стрес кој исто така ќе влијае на неплодноста. Иако сите ви зборуваат да се опуштите и да не размислувате на тоа, вашата потсвест го прави спротивното и тоа може да ви преставува сериозен проблем за кој не сте ни свесни.
Не размислувајте на тоа дека ви минува вашиот биолошки часовник и дека сте задоцниле, не размислувајте за болестите и препреките, фокусирајте се на позитивните и опуштените мисли, бидете опкружени со луѓе со кои постојано е се смеете и помалку ќе мислите на проблемите.