Се повеќе личи на Есма: Еве како изгледа денес ЌЕРКАТА на кралицата на ромската музика
Кралицата на ромската музика продолжи да живее преку нејзината песна.
Иако не ја родила, единственото девојче кое Есма го посвои, сѐ повеќе личи на неа.
Кралицата на ромската музика, нашата Есма Реџепова долги години не е повеќе меѓу нас, но сеќавањата на неа не избледуваат.
Таа беше амбасадор на Македонија каде и да одеше, а настапуваше низ целиот свет.
Есма Реџепова имаше 47 синови и само една ќерка, а нејзината наследничка тргна по стапките на својата мајка.
Имено, Реџепова планирала да посвојува само машки деца, но 5 години пред згаснувањето на нејзиниот живот одлучи да ја посвои Елеонора. Есма беше воодушевена од Елеонора и за неа имаше само пофални зборови.
-Одлично се согласуваме, токму како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежни години е подобро да се има женско дете отколку машко и не се излажав. Елеонора студираше на Универзитетот во Скопје. Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е член на бендот кој ме следи, говореше тогаш Есма.
Елеонора започна и соло кариера под името Малиша, но сега повторно настапува заедно со бендот на Есма и ја продолжи мисијата на својата мајка.
Елеонора е среќно мажена во Брисел, каде живее и работи нејзиниот сопруг. Заедно тие двајца отворија и спомен соба во Брисел, во чест на Есма.
Иако не ја родила, единственото девојче кое Есма го посвои, сѐ повеќе личи на неа.
Најновите фотографии од настапот на бендот на Есма во Брисел го докажуваат тоа.
Погледнете и уверете се:
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони
ФОТО: Фејсбук / Елеонора Бони