Се омажи Исаура од „Преспав“: Младенците качени на столчиња, се пееше и веселеше – свадба за паметење
Популарната македонска актерка заплови во брачните води со својот колега.
36-годишната Емра Куртишова се омажи за актерот Петар Стојанов, а фотографии од свадбата и двајцата споделија на Инстаграм.
Емра е вработена во Театарот за деца и младенци, а огромна популарност стекна со улогата на Исаура во хумористичната македонска серија „Преспав“.
Помошничката Иауса освен што му стана љубов на рецепционерот Талат, веднаш ја освои и публиката со својата глума и комичните сцени.
За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот ѝ прави топло на душата.
Емра е активна и на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм, каде освен објави поврзани со нејзината професија, знае да сподели и фотографии од нејзиното секојдневие.
Три години беше во љубовна врска со нејзиниот колега, актерот Петар Стојанов кој токму за нејзиниот роденден одлучил да ја запроси.
Годинава одлучија официјално да стапат во брак, а фотографии од нивната свадбена веселба споделија на Инстаграм.
Според приложеното може да се забележи дека парот навистинал одлично се забавувал на својата свадба, а исто така и гостите.
Сите распеани и весели, околу нив зурли и тапани, се чини дека имало одлична забава.
Емра во ретро невестински фустан изгледала фантастично, а младоженецот се одлучил за сиво-бел комплет.
„Мој си е, си го земав“, напиша Емра на Инстаграм. Честитки!!
ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов
ФОТО: Инстаграм / Петар Стојанов