Реклама
Холивуд

Се омажи една од најубавите холивудски актерки и тоа во сензационална венчаница со која НИКОГО не остави рамнодушен

Реклама

Невестата ги изненади сите со својот избор

Нејзината убавина беше видлива уште кога заедно со својот познат татко ќе се појавеше на некој медиумски проследен настан. Имено, Зои и денес изгледа беспрекорно, а не е ни чудо кога нејзини родители се Лени Кравиц и преубавата актерка Лиса Бонет, која кај нас најмногу е позната по нејзината улога во популарната серија „Козби шоу“.

Маркетинг

Шармантната Зои се омажи за Карл Глусман, кој исто така е актер и со кого е од 2016 година. Тие се запознаа преку заеднички пријатели, а на самиот почеток нивната врска не била воопшто сериозна, како што призна и самата Зои во едно нејзино интервју.

Маркетинг

Сепак, оваа љубов ги однесе од пред олтарот, а венчавката се одржа во вилата на Лени Кравиц од 18 век во Париз.

„Покрај него можам да бидам онаа чудна Зои и воопшто да не ми е непријатно. Навистина е многу смирувачко кога имате покрај себе некој со кого можете да бидете потполно природни“, изјави Зои за своето момче во една пригода.
На нивната венчавка присуствуваа бројни познати личности. А убавата Зои се појави во „венчаница“ која подразбираше бициклистички шорцеви, „спортски“ градник од свила и проѕирен мрежест фустан со реси.

Нејзината феноменална и необична креација е со потписот на њујоршката дизајнерка Даниеле Франкел.

Еве како изгледаа и останатите гости:

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button