Реклама
Холивуд

Се омажи внуката на филмската дива Грејс Кели – принцезата Шарлот ги изненади сите со изборот на венчаницата

Реклама

Шарлот Касираги (32), внуката на Грејс Кели и ќерка на принцезата Каролина од Хановер се омажи со францускиот филмски продуцент Димитри Расам (37), инаку син на познатата француска актерка Карол Буке.

Фото: Инстаграм

Како и повеќето денешни невести и Шарлот Касираги, внуката на принцезата Грејс Кели и ќерка на Каролина, принцезата од Хановер, не можеше да му одолее на трендот да ја пресоблече првата венчаница по официјалната церемонија и да го облече вториот невестински фустан.

И секако дека постои разлика од времето кога Грејс Кели стоеше под олтарот – таа тогаш стана принцеза, а беше и една од најголемите холивудски ѕвезди во тоа време. Но и покрај овие разлики, многумина се изненадија од изборот на нејзината внука, Шарлот, очекувајќи значително погламурозен пристап од неа во изборот на венчаницата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Имено, по церемонијата во палатата во Монако, во поприлично краток фустан од брокат со потписот на модната куќа Сен Лорен, принцезата се пресоблече во друг фустан. Очигледно е дека оваа креација е инспирирана од фустанот што нејзината баба Грејс го носеше во цивилната венчална церемонија со принцот Рение во 1956 година.

Фото: Инстаграм

Во прашање е сатенски фустан од Шанел без прерамки, со деколте во „V“ израз и тесна половина, со прорез на средината. Но и покрај сличностите, постои и значајна разлика, особено ако земеме во предвид дека венчаницата на Грејс Кели важи за една од најженствените, и истовремено и најделикатните, но и најубавите венчаници на сите времиња.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

За разлика од неа Шарлот за овој посебен ден во нејзиниот живот избра минимализам. Но покрај фустанот инспириран од холивудската дива, Шарлот носеше и дел од спомените на неа во вид на прекрасни модни додатоци.

Фото: Инстаграм

Во прашање е преубава дијамантска огрлица Картиер од колекцијата на накит на принцезата Грејс.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Поврзано

Back to top button