Се ожени поранешниот на Анастасија Ражнатовиќ: Погледнете каква убавица е невестата- го открија и полот на бебето!
Ѓорѓе Кулиќ го кажа судбоносното "ДА"
![](/wp-content/uploads/2023/06/анастасија-1.jpg)
Поранешниот на Анастасија Ражнатовиќ, младиот бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ се ожени со својата избраничка Мила Радојевиќ.
![](/wp-content/uploads/2022/03/anastasija20.jpg)
Парот го кажа судбоносното ДА, а иако сакаа најубавиот ден да го поминат во апсолутна тајност сепак во српските медиуми испливаа фотографии од церемонијата.
![](/wp-content/uploads/2023/06/мила.jpg)
Ѓорѓе и Мила решија да направат интимна прослава на која присуствуваа одбрани луѓе, само најблиските на овој пар.
Својата љубов ја прославија со кумовите, а невестата блесна во едноставна сатенска венчаница со прекрасна машна околу трудничкиот стомак.
![](/wp-content/uploads/2023/06/fdytsgd.jpg)
Ѓорѓе и Мила решија да направат скромна прослава а ветија дека ќе се поддржуваат до крајот на животот, како и дека целото внимание ќе го насочат кон воспитувањето на нивната ќерка, а фотографијата од прославата ја објави гордиот татко на невестата.
![](/wp-content/uploads/2023/06/milaa.jpg)
Да потсетиме, Мила Радојевиќ е во блажена состојба, а оваа убава вест парот ја сподели на социјалните мрежи пред неполн месец.
![](/wp-content/uploads/2023/06/mila-e.jpg)
Прегрнати и пресреќни Ѓорѓе и Мила позираа на луксузна јахта каде на спектакуларен начин дознаа дека наскоро во нивниот дом ќе пристигне мало девојче, а убавата вест ја споделија на „Инстаграм“.
![](/wp-content/uploads/2023/06/мила-е.jpg)