Се ожени еден од најпознатите близнаци во Македонија – невестата блескаше, но шоуто го украде овој гостин
Се ожени познатиот македонски музичар, невестата беше преубава во раскошната венчаница
Испливаа првите фотографии од прославата…
Мартин Филиповски од бендот „Некст тајм“ вчера направи свадба и се ожени со ракометарката Андреа Белеска.
Тој беше облечен во класичен сив костум, додека неговата избраничка блескаше во раскошната венчаница како принцеза.
Тие весели и насмеани се појавија пред гостите, па го заиграа својот прв танц и тоа токму кога почна да врне дожд.
Но за среќа времето се поправи, така што свадбената церемонија на отворено продолжи и гостите одлично се забавуваа.
Нивниот прв танц расплака и разнежни многумина, а тие цело време се гледаа заљубено додека танцуваа еден покрај друг.
Тие неодамна ја направија црковната венчавка во Кичево, родниот град на невестата, кога Андреа ги маѓепса сите со својот шарм.
Мартин својата сакана ја запроси во септември минатата година, откако поминаа заедно цели осум години во врска.
На свадбата имаше и голем огномет, а посебно внимание привлече кученцето кое исто така беше дотерано за овој посебен момент.
Мартин на својот Инстаграм веднаш објави голем број снимки од свадбата и ги воодушеви своите верни фанови.
На свадбата присуствуваа бројни колеги на Мартин од естрадата, а меѓу нив и Слаткаристика со својата поубава половина, Сања Николиќ.
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски
Фото: Инстаграм/ Мартин Филиповски