Се огласи Џејла Рамовиќ откако слушна за бебето на Марија Шерифовиќ – еве што ѝ порача на пејачката
И Џејла Рамовиќ не го криеше воодушевувањето...
Се огласи и пријателката на Марија
Младата пејачка Џејла Рамовиќ јавно се огласи со порака до Марија Шерифовиќ која се оствари во улога на мајка.
Потсетуваме, Шерифовиќ вчера ја објави првата слика од малиот Марио што го доби со помош на сурогат мајка.
Нејзиниот син е роден во Америка, каде што пејачката во моментот престојува заедно со својата мајка Верица.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Да е жив и здрав, напиша Џејла под фотографијата што ја објави Марија со Марио, а додаде и две сини срциња.
Фото: Принтскрин
Покрај Џејла со слични честитки се огласија и бројни други пејачки, меѓу кои и Александра Младеновиќ и Тања Савиќ кој покрај најубавите желби за наследникот на Мариа го додаде и следново:
Да се биде мајка е нешто најубаво, напиша таа на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Одам да клумкам млекце
Откако ја објави првата фотографија од малиот Марио и доби илјадници пораки од пријателите и фановите, Марија повторно се огласи.
Овој пат таа им се заблагодари на сите, но пред се на оние што знаеле за целиот процес и го држеле во тајност.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Еве што напиша Марија:
„Малку останав без текст… За прв пат во животот! Ви се заблагодарувам што ја делите радоста со мене.
Гледам дека сте сите шокирани, затечени и во неверица. Тоа кажува само едно – имам пријатели злато вредни!
Ви благодарам што сте тука од првиот ден!
Ви се заблагодарувам што ја поддржавте секоја моја одлука. Ви се заблагодарувам што ме туркавте напред кога и самата за момент ќе застанев. Ви се заблагодарувам што оваа тајна ја чувавте. Ова нема никогаш да ви го заборавам.
Многу пати сум кажала, но ќе повторам и сега.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Под моите крилја секогаш ќе има место за вас, и додека стојам, постојам и чекорам се што е мое е и ваше.
А сега одам да го клумкам млекцето“, напиша гордата мама.