Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ вчера си дадоа завет на вечна љубов.
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
По свршувачката на Ибица, сега се венчаа во манастирот Рајинац во близина на Белград, а ќерката на Цеца Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од златните венчални прстени.
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
Гордата мајка се огласи и кажа како се чувствува по венчавката на нејзината наследничка.
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
-Пресреќна сум, славиме љубов, Што би посакала мајка за своето дете освен среќен и долг брак полн со љубов и почит – изјави Цеца за српскиот Курир.
фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
На интимната прослава присуствуваа само најблиските, околу десетина лица, а кума на невестата и беше Тара Милутиновиќ.
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
И додека многумина беа изненадени што се венчаа брзо по веридбата, Немања и Анастасија веќе некое време носат бурми, што може да се забележи и од фотографиите што ги објавуваат на Инстаграм.
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
Единствената фотографија која што за сега е достапна во медиумите е онаа што ја објави Рашид, шоферот на Немања и пријател на семејството.
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
Анастасија за оваа пригода носеше преубав фустан кој наликува на венчаница, со потписот на модната куќа Ланвин, кој на интернет може да се најде по цена од 2780 фунти, односно 3255 евра.
Ланвин
Гудељ и Анастасија избраа бурми од брендот Булгари, а на нивниот сајт овие бурми чинат по 2400 евра.
Булгари
Пејчката на нозете носеше сандали од брендот Џими Чу (моделот Роси). Сандали од овој бренд ги обожаваат Кејт Мидлтон и кралицата Летиција, а можат да се најдат во продажба за 725 евра.
Џими Чу
Инаку кума на Анастасија и беше нејзината најдобра пријателка, актерката Тара Милутиновиќ, а оваа одлука таа одамна ја има донесено.
Фото: Инстаграм/Тара Милутиновиќ
Тара е млада актерка која пред неколку години прв пат се појави на филмското платно (младата актерка има глумено и во популарната серија „Тајната на виновата лоза“), а малкумина знаат дека му е внука на легендарниот српски фудбалер и тренер Велибор Бора Милутиновиќ, но и дека има завршено два факултети.
Фото: Инстаграм/Тара Милутиновиќ
Оваа млада дама најпрво дипломираше на Економскиот факултет, а откако сфатила дека глумата е она во што најмногу ја привлекува, таа заврши и Факултет на современи уметности.