Реклама
Наши ѕвезди

Се огласи синот на Есма во врска со хаосот во нејзината куќа: „Нас децата не нѐ мешајте“

Еден од синовите на кралицата на ромската музика се огласи на Фејсбук, откако во јавност осамнаа фотографии од внатрешноста на нејзиниот дом.

Реклама

Синот на Есма откри кој е виновникот за негрижата за нејзиниот спомен.

Симеон Атанасов е еден од 47-те синови кои Есма Реџепова Теодосиевска ги посвои во текот на животот.

ФОТО: Принтскрин

Тој постојано јавно бара правда за својата мајка, односно ги повикува надлежните да преземат нешто за нејзиниот дом да не пропаѓа.

Маркетинг

Поминаа години од згаснувањето на животот на Есма, но сѐ уште никој не се најде да ги исполни нејзините барања, ниту да ѝ направи достојно вечно почивалиште.

ФОТО: Фејсбук

Целиот свој имот Есма го остави на Македонија. Таа постојано велеше дека нејзините пари биле направени од концерти за кои луѓето плаќале билети и затоа своето богатство го остави на народот.

Маркетинг

Сепак, сѐ што таа создаде пропаѓа и никој не се грижи за она што таа го остави. Во нејзината куќа владее пустош, а и нејзиното гробно место е занемарено.

ФОТО: Фејсбук

Деновиве нво јавност се појавија нови фотографии од внатрешноста на куќата, која требаше да биде музеј. Фотографиите се доказ дека сѐ уште ништо не е преземено во врска со тоа прашање.

ФОТО: Принтскрин

Симеон се огласи на Фејсбук во врска со оваа ситуација:

„Изминативе неколку години во неколку наврати во мои интервјуа се потрудив да ја објаснам целата ситуација околу тестаментот на мојата мајка Есма Реџепова – Теодосиевска. Ве молам во вашите коментари на последниот текст во www.vecer.mk, нас децата не не мешајте, затоа што нас не боли се ова што се случува, но не сме моќни ништо да направиме за да се исполни желбата на нашите ментори Есма и Стево Теодосиевски. Државата, поточно министерството за култура е единствен наследник на целиот имот, и ако некој е виновен за се што се случува тоа е оваа политичка гарнитура, која што не се грижи за ништо, а најмалку за овој дом кој што впрочем е подарок на Македонија“.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Фејсбук / Симеон Атанасов

ФОТО: Фејсбук / Симеон Атанасов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button