Реклама
Наши ѕвезди

Се огласи и наследничката на Наум Петрески – испрати емотивна порака за својот татко

Реклама

Славниот пејач славеше роденден, а неговите сакани напишаа емотивни пораки за него.

Наум Петрески е еден од најдобрите машки вокали на македонската музичка сцена.

Маркетинг

Долги години опстојува на врвот на сцената, а тоа се должи на безвременските песни кои ги има.

Незамисливо е да се одржи било каква прослава или забава без неговите хитови.

ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески

Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески

Долги години е во среќен брак со Зуица, со која има две деца, синот Стефан и ќерката Македонка. Од првиот брак ги има ќерките Сања и Анастасија.

Негова наследничка во музичките води сега засега е само Анастасија, која има извонреден глас и плени со своето пеење.

ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески

Периодов беше актуелен и по неговата изјава за едно телевизиско интервју, дека поради пандемијата долго време останал без ангажман, а со тоа и без финансии, па семејството преживувало со платата на неговата сопруга и пензијата на неговата мајка.

Деновиве имсше убава причина за славење во домот на Наум и Зуица.

ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески

Имено, легендарниот пејач славеше роденден

Наум е роден на 7 декември 1966 година во Охрид.

Како мал живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство. Денес со семејството живее во Скопје.

ФОТО: Фејсбук / Наум Петрески

По повод роденденот Зуица на социјалните мрежи сподели нивни досега невидени фотографии.

Најголемо внимание привлече онаа од нивната свадба на која Зуица е во поодмината бременост.

ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова

Емотивна честитка на Инстаграм напиша и ќерката на Наум, Сања.

Сања објави нивназаедничка фотка и притоа напиша:

„Среќен роденден тато, да си ни жив, здрав и уште многу години да славиме заедно“.

ФОТО: Инстаграм/ Наум Петрески

ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова

ФОТО: Инстаграм/ Наум Петрески

ФОТО: Инстаграм/ Наум Петрески

ФОТО: Инстаграм/ Наум Петрески

ФОТО: Инстаграм/ Наум Петрески

ФОТО: Инстаграм/ Наум Петрески

ФОТО: Инстаграм/ Наум Петрески

ФОТО: Инстаграм/ Наум Петрески

ФОТО: Фејсбук/ Наум Петрески

ФОТО: Фејсбук/ Наум Петрески

ФОТО: Фејсбук/ Наум Петрески

ФОТО: Фејсбук/ Наум Петрески

ФОТО: Фејсбук/ Наум Петрески

ФОТО: Фејсбук/ Наум Петрески

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button