Реклама
Наши ѕвезди

Се огласи и колешката на Гоца: Немам од што да живеам, пејачите минуваат низ голгота, во многу тешка ситуација сме!

Реклама

Откако објавата на Гоца Тржан на Твитер предизцика лавина коментари и забелешки на сметка на пејачките кои поради откажаните настапи бараат помош од државата, се огласи и Ивана Петерс.

Пејачката објасни дека навистина има големи финансиски проблеми и дека музиката и била единствен извор на приходи.

Маркетинг

Исто така, пејачката истакна дека не заработуваат сите пејачки исти суми на пари, па смета дека токму оние кои не се најголеми ѕвезди се во големи проблеми.

„Тоа ми е единствен приход што го имам во животот. Ништо друго не правам. Само сум пејач. Од тоа се хранам себеси и своето дете и членовите на семејството на кои треба да им помагам. Ми недостасува и работата со која се занимавам зошто тоа е мојата љубов. Потполно се изгубив себеси и не знам што да правам ако не најдам некој начин да заработам пари поинаку. Сето ова што се случува најмногу влијае на музичарите кои не се мега ѕвезди, ѕвезди на фолк музиката и немаат кариера долга 50 години како што се Здравко Чолиќ, Лепа Брена. Јас навистина не успеав во животот да стекнам како нив. Се занимавав со некоја музика која мене ме подигнуваше, мислев дека придонесувам на домашната музичка сцена со квалитетна музика. Не сакам сега да се чувствувам виновна поради тоа што не се занимавам со некоја полесна музика или комерцијална. Сите нас сега не погоди истата работа, со тоа што некои, со мерки на заштита можат да работат… лекари, забари, фризери“, вели Ивана.

Маркетинг

-Но, не е точно дека сите заработуваат големи пари. Не се сите големи ѕвезди. Тоа мора да се разбере. Немаат сите исти приходи. Не се вреднуваат сите музичари исто“, објаснува таа.

Најголем проблем на Ивана и претставува тоа што не одвоила пари за „тешките денови“.

„Јас конкретно не штедев. Немав голема заштеда која сум ја одвојувала за црни денови. Тоа никогаш во животот не сум го имала, зошто јас не функционирам на тој начин. Штом ќе тргнам да собирам пари за нешто – се троши. Ако премногу штедам, јас не заработувам, Марфиев закон. Јас гледам на парите како на нешто што треба да тече. Не сум Пајо Паторот кој крие некаде на страна. „Зошто не си заштедила? Па не заштедив! Кој мислел дека вакво нешто ќе се случи? За права помош имам, но не знам како ова ќе продолжи. Сега живеам од Сокој и уплатите кои лежат од моите авторски права. Тоа се некои пари кои капнуваат во текот на годината, ама повремено. Освен тоа, имам добри семејни односи, така што се снаоѓаме и тоа е тоа… Понатаму не знам. Прилично се најдов во небрано лозје. Знаете, можам и јас да работам и некои други работи, но најдобра сум во ова што го работам. Можам да работам нешто што не е во мојата сфера… Не сме ние виновни што сме познати и што немаме сега работа, заклучи Ивана Петерс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button