Се најавува драстичен пад на температурите – Еве кога се очекува снег во Македонија!

Метеоролозите излегоа со најави дека кон крајот на следната недела со натамошно заладување во ридско-планинските предели од регионот може да има и снег.
Од средината на неделата полека но сигурно ќе навлегуваме во поинаков тип на време кое се повеќе ќе наликува на доцна есен.

Според долгорочните прогнози на Акуведер, еден од најпознатите светски сервиси за метеорологија снегот во градовите во Македонија би можел да дојде на 23 ноември 2023 кога дневните температури се очекува да паднат на 6 степени, а ноќните на -2.
Се работи за прогнози за југозападните делови на Македонија.

Инаку официјалните институции за утре и задутре најавуваат дека ќе биде наутро свежо, а преку денот со сончеви периоди и повторно релативно топло за овој дел од годината, сепак веќе во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд.
До петок температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата.

Според најновите направени анализи со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), оваа зима врнежите од дожд и од снег воопшто нема да ни фалат.
Месеците декември, јануари и февруари ќе бидат исполнети со врнежи и тие ќе бидат натпросечно високи, што значи дека и дождот, а и снегот нема да ни недостигаат. Не само кај нас, туку во целиот регион очекуваме чести врнежи од дожд и снег и вистинска снежна бајка.

Температурите ќе бидат малку над просекот, што значи не очекува поблага зима, но со многу повеќе снег за разлика од изминатите години. Секако дека поларниот вртлог повремено и кај нас ќе придонесува екстремно ниски температури на воздухот.
Оваа зима повторно целиот регион, но и нашата Македонија ќе стравува од нови временски непогоди, кој стануваат се посилни и посилни.

И оваа зима ќе стравуваме од појава на поплави и свлечишта поради очекуваните чести и обилни врнежи од дожд и снег.




