Се мажи Емина Јаховиќ!? По разводот од Мустафа не сакаше да слушне за врска но овој бизнисмен и го украде срцето!
Изворот открива дека летово пејачката ќе се мажи...
На големо се шпекулира дека пејачката Емина Јаховиќ ќе се мажи за турскиот милионер Курт Даниел Сантеј, кој е 14 години постар од неа.
Наводно, минатата недела го запознала својот избраник со семејството бидејќи заедно престојувале во Белград.
-Емина и Курт се во врска неколку месеци и се многу заљубени. Тие се среќни што се запознаа! Сантеј планира да го помине животот со Емина, разговарале за венчавка, но се уште не ја закажале. Во прашање се само денови, но мислам дека ќе биде ова лето – вели извор близок до парот и додава дека пејачката не сакала јавноста да дознае дека е повторно среќна и заљубена.
– Не сакаше никој да знае за Курт и неа, додека не се увери дека се работи за сериозна врска. Тие долго време тајно се гледале во Истанбул. Биле и на одмор на Малдиви, за што Сантеј искеширал 15.000 евра. После тоа патување, Емина решила да им признае на најблиските, мајката, братот, синовите и пријателите дека е вљубена во Курт. Оттогаш почнаа заедно да се појавуваат во јавност – тврди изворот и открива дека пејачката го запознала својот иден сопруг со синовите.
– И двајцата го сакаат Курт! Исто така и неговите синови ја обожаваат Емина. Сите ручаа заедно, а потоа се видоа уште неколку пати. Јаман и Јавуз се веќе пораснати и разбираат дека мама има право на нејзин живот, па ја поддржуваат нејзината врска, исто како и бракот на нивниот татко.
Емина го донесе новиот избраник во Србија за да му ја покаже својата земја.
-Поминаа неколку дена во Белград, а Емина го однесе на нејзините омилени места. Потоа заминале во нејзиниот роден град Нови Пазар каде бизнисменот се сретнал со нејзиното семејство.
Курт Даниел Сантеј е почитуван финансиски советник, кој долго време живее во Швајцарија. Пред две години се развел и се вратил во Истанбул каде ја запознал Емина.
Да потсетиме, Јаховиќ десет години беше во брак со турскиот пејач Мустафа Сандал (53) со кој има два сина – Јаман (15) и Јавуз (9), додека Сантеј со првата сопруга има и два сина.