Реклама
Celebrity

Се мажеше девет пати, ја следеа низа cкaндали, но со последниот сопруг остана до сmрt- интересни факти за холивудската куртизана За За Габор!

Реклама

Унгарско-американската актерка За За Габор е родена на 6 февруари 1917 година во Будимпешта.

Во 1936 победила на изборот за Мис на Унгарија, а 5 години подоцна заминува во САД каде што почнува филмска кариера.

Маркетинг

Нејзиното вистинско име е Сари Габор, таа ја започна својата кариера во 1934 година кога ја откри тенорот Ричард Таубер за време на патувањето во Виена и и понуди улога во неговата нова оперета.

Маркетинг

Една година подоцна За За се омажи за Бурхан Асаф Белге. На крајот всушност ќе се излезе дека ова е само еден од нејзините девет сопрузи.

Познатата актерка беше позната по својата искреност, остар јазик и голема смисла за хумор и никогаш не ги криеше своите неконвенционални ставови за љубовта и бракот, поради што и смени толку многу сопрузи.

Таа постојано беше следена од скандали и имаше бурен љубовен жвот.
Нејзиниот втор сопруг беше бизнисменот Конрад Хилтон со кого исто така не најде вечна среќа.

Неговата одлука да го смени моето име од За За во Џорџија симболизираше сè што на крајот ќе стане мојот брак со него. Моите унгарски корени мораа да бидат искоренети и моето потекло беше игнорирано. Наскоро сфатив дека мојот брак со Конрад означува крај на мојата слобода. Моите лични потреби беа целосно запоставени, раскажа таа по разводот од славниот богаташ.

Потоа следеа бракови со Џорџ Сандерс, Херберт Хантер, Џошуа Козден, Џек Рајан, Мајкл О’Хар, Фелипе де Алба и Фредерик Фон Анхалт.

Бракот со де Алба е еден од најкратките во историјата. Имено, парот се венча на 13 април 1983 година, а само еден ден подоцна, на 14 април, го поништија бракот.

Таа се омажи за Фредерик Фон Анхалт во 1986 година и остана со него сè до нејзината см-рт, на 12 декември 2016 година.

Прочитајте подолу некои од најлегендарните љубовни лекции на оваа духовита и искрена дива.

„Да се разведеш од сопругот само затоа што не го сакаш е речиси е исто толку глупаво како и да се омажиш за некого бидејќи го сакаш“;

„Никогаш не сум мразела маж толку, за да му ги вратам дијамантите“;
„Јас сум голема домаќинка. Кога се разведувам, ја задржувам куќата“.

“Научив дека адвокатите се најдобри пријатели на жената, а не дијамантите”.

“Сакам човек кој е љубезен и има разбирање. Дали е тоа премногу за еден милионер?”
“Мојата теорија е дека мажите сакаат со очите, а жените со ушите.”

“Љубовта мора да биде инспирација, а не обврска.”
“Многу е полесно да усреќите туѓ сопруг отколку вашиот.”

Габор стекна светска слава со филмот на Џон Хјустон “Мулен Руж”, каде што ја одигра улогата на танчерка Жана Аврил. Во 1958 година ја добива наградата “Златен глобус”.

За За Габор почина на 99 години по долго и тешко боледување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button