Се зголемува бројот на позитивни на корона во Македонија – заразена бабата на четиригодишното девојче од Штип
Седумдесет лица во земјава се заразени со коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Една пациентка била во Србија, другата е бабата на девојчето од Штип и уште еден пациент во Скопје. Вирусот сега е прошиен во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид“, истакна Филипче.
Инкубација, симптоми и превенција
Инфекцијата од новиот корона вирус има период на инкубација од 1 до 14 дена. Но студија објавена во Журналот на американското медицинско здружение, откри нов доказ дека вирусот може да се шири асимптоматично. Според нивните преценки, секое заразено лице за време на епидемија во просек инфецира од едно до три лица.
Инфекцијата од корона вирус има широк спектар на симптоми, вклучувајќи и грозница, кашлање, кратко и отежнато дишење. Благи случаи укажуваат симптоми како кај настинка, додека потешките можат да доведат до воспаление на градите, тешки респираторни заболувања, престанување на работата на бубрезите, што може да биде кобно за заболените.
Најдобра превенција е често миење на рацете и дезинфекција на површините, носење на маски и ракавици во јавен