Се зборува дека на неа се е вештачко, дека поради естетските корекции изгледа како милион долари- Теа Таировиќ искрено прозборе за коментарите кои и пречат!
Таа е најбараната пејачка на Балканот...
Теа Таировиќ без сомнение важи за една од најатрактивните и најбараните пејачки на Балканот.
фото инстаграм/Теа Таировиќ
Многумина ќе се согласат дека пејачката изгледа како милион долари, а витката линија и извајаното тело се резултат на тоа што цел живот танцува и тренира.
фото инстаграм/Теа Таировиќ
Како што истакна во една прилика витката фигура не бара посебни режими на исхрана или откажување од омилените задоволства, туку се должи на љубовните проблеми.
фото инстаграм/Теа Таировиќ
– Не се работи за никаква диета, туку за стрес и љубовни проблеми! Кога имам љубовни проблеми не можам да јадам, па тоа веднаш влијае на мојата фигура, а тука беше и стресот околу концертот во Белград. Сакав се да испадне како што треба, затоа се подготвив и психички и физички. Не стигнав да јадам и да имам нормални оброци. Сега се вратив во нормала – рекла Теа и додала дека секојдневно вежба во теретана.
фото инстаграм/Теа Таировиќ
За Теа неа може да се прочитаат секакви невистини, се шпекулира и за естетските корекции кои ги направила споредувајќи ги сликите на пејачката од минатото со денешните.
фото инстаграм/Теа Таировиќ
Таировиќ жестоко демантира дека била на естетска хирургија, а посочува дека причината за нејзината извајана фигура е спортот со кој се занимава цел живот.
фото инстаграм/Теа Таировиќ
– Зборуваат за се и сешто, дури и дека имам вештачки задник, но не знаат дека правам илјада чучнувања дневно! Кога нешто е вештачко, можете да го видите од авион. Ако некој има тенки нозе и голем, превртен задник, знајте дека тоа не е природно. Кај мене се гледа дека имам силни бутови и тоа е се од вежбањето.
фото инстаграм/Теа Таировиќ
Правам и стомачни, затоа имам стомачни мускули. Тренирам цел живот, а телото не го заборава тоа, па ако понекогаш се опуштам малку, многу брзо се враќам во форма. Сите во моето семејство се згодни, па претпоставувам дека е нормално и јас да изгледам добро– изјавила Теа.
фото инстаграм/Теа Таировиќ
– Пијам цеден сок, јадам готвена храна и многу овошје и зеленчук. Имам среќа што моето тело не копнее за нездрави грицки. Земам бадеми или протеински барови и тоа е се открила Таировиќ, пренесе Информер.