Се заљубила во неговиот паричник: Таа има 20- години а тој 63, сакала да му ги потроши парите но кога ја дознала вистината се шокирала…
Среќна е со него...
Љубовта не познава граници а доказ за тоа е и оваа љубовна приказна која започнала сосема необично.
фото инстаграм/Кери Ли
30- годишната Кери Ли е девојка која го пронашла својот „љубовник од интерес“ на апликација за запознавање.
фото инстаграм/Кери Ли
Кога наишла на 63-годишниот Ренди – и неговиот паричник животот и се променил и тоа сосема неочекувано.
фото инстаграм/Кери Ли
Таа во емисијата „Љубовта не суди“ откри дека ја зголемила старосната граница до максимум, за апликацијата да и покаже што повеќе мажи.
фото инстаграм/Кери Ли
Така всушност и го пронашла Ренди кој денеска е нејзина најголема љубов иако првичниот план бил сосема поинаков..
Таа започна разговор со него и преку неколку прашања се обиде да утврди дали и одговара. Имено, таа почнала да поставува прашања за патувања, преку кои би дознала во каква финансиска ситуација е Ренди.
фото инстаграм/Кери Ли
Воодушевена од одговорите, Кери сфати дека тој е „оној за нејзината деловна можност“.
Фасцинирана од раскошниот начин на живот на овој човек, таа решила да му даде понуда, што подразбира плаќање висока цена за одредени удобности.
фото инстаграм/Кери Ли
По една година врска на далечина, Кери решила за прв пат да се сретне со својот „спонзор“.
фото инстаграм/Кери Ли
– Решив лично да се запознаам со него, бидејќи животот ми стана малку подобар поради него. Ми помогна и ми беше жал што не направив ништо за него – вели таа, пренесува TheSun.co.uk.
фото принтскрин.јутјуб
Ренди, кој има два сина постари од Кери, рече дека е воодушевен од младата жена.
фото инстаграм/Принтскрин Јутјуб
– Кога првпат ја запознав, ме воодушеви нејзината убавина – изјавил Ренди.
Така, откако ја видел во живо, Ренди се заљубил во Кери и решил да и ги реши сите проблеми – особено оние со парите. Ја замолил да направи список со сите должници и ја уверил дека списокот целосно ќе го елиминира.
– Ми рече: „Ако ми дадеш една година, ќе ти го променам животот“ – опишала Кери.
фото инстаграм/Кери Ли
Но, планот на Кери набрзо тргна на полошо и имаше сосема неочекуван крај.
По извесно време сфатила дека не е со своето момче само за пари, туку е вљубена до петици.
Додека Кери сега тврди дека повеќе не го искористува Ренди за неговите пари, корисниците на социјалните мрежи гледаат поинаку.
фото инстаграм/Кери Ли
– Видов дека нè исмејуваат, особено мене. Често за време на ручекот во рестораните, келнерот ме прашуваше каков пијалок би сакал да пие татко ми. Најчесто не обрнувам внимание на тоа и само им давам до знаење на тие луѓе со страсно бакнување на Ренди по оброкот – вели Кери.
Ренди исто така верува дека младата жена, која некогаш сакала само привремени примања, се предомислила.
фото инстаграм/Кери Ли
– Мислам дека Кери не ме користи за пари, бидејќи видов промена во начинот на кој таа се однесува кон мене. На почетокот да, но во последните две-три години ситуацијата е сосема поинаква – одговара Ренди.
– Можете да не мразите, но таа секоја вечер доаѓа дома со мене – заврши 63-годишниот Ренди.