Вести

Се враќа дневната евтина тарифа на струјата – Еве за колку ќе се намалат сметките на граѓаните!

Advertisement

Зад нас е грејна сезона во услови на криза,во која влеговме со неизвесност, но покажавме дека државата и инстиуциите имаат капацитет, сезоната помина без покачување на цената на струјата и без рестрикции, иако имаше и такви очекувања и коментари, истакна членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски, во интервју за емисијата „Во живо од градовите” на МТВ.

Николовски нагласи дека граѓаните можат да бидат спокојни во однос на снадбувањето со електричната енергија и за цената на струјата.

Advertisement

Државата, се грижи за граѓаните и создава услови цената на електричната енергија да не се покачува, порача Николовски, додавајќи дека од 1 декември се враќа и дневната евтина тарифа.

Фото Илустрација

Advertisement

Николовски додаде дека сите политики, мерки и чекори, што се преземаат, овозможуваат услови за сериозни иневстиции во зелената енергија, кои се од огормно значење за нашата држава и за граѓаните.

Имаме изобириле на сончеви денови, но и вода и ветер, со што имаме услови да бидеме центар за зелени инвестиции, рече Николовски, додавајќи дека покрај најновата фотоволтаична централа во Новаци, има уште неколку огромни инвестиции, како агроволтаичниот парк „Стипион”, со капацитет од 400 мегавати, за кој наведе дека е новитет, каде што панелите се поставуваат повисоко, а на земјата од 270 хектари, под нив може да се одлгедуваат земјоделски култури.

Николовски од големите инвестиции во енергетиката ги издвои изградбата на хидроцентралата Чебрен, во вредност од над милијарда евра, со капацитет од 333 мегават часови и ветерниот парк Вирови со капацитет од 400 мегавати.

Фото Илустрација

Инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори, се доказ дека државата ја реализира енергетската транзиција, да ја оствари својата цел, а тоа е да биде предводник во зелената енергија во регионот и во Европа, порача членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски, во разговор за македонската телевизија.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека дневна евтина тарифа ќе стартува од 1 декември годинава. Електродистрибуција има рок од четири месеци да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата.

Фото Илустрација

„Евтината дневна тарифа ќе им биде достапна на сите домаќинства од 1 декември во периодот од 13 часот до 15 часот.

Водејќи се од принципот на заштита на потрошувачите, а согласно направените анализи кои укажуваат дека декември е месецот кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија, ја задолживме Електродистрибуција во овој рок да ги усогласи сите броила.

Четири месеци се доволни за да се направат сите технички усогласувања со системот за пресметка и фактурирање и соодветниот софтвер“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на трошоците на енергетските компании , РКЕ ги донесе следните одлуки:

Фото Илустрација

“Донесените цените по блокови за период на високи дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 %, втор блок намалување од 4,09%, трет блок зголемување од 2,54% и четврт блок зголемување од 2,42%. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ.

Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 % на сметките“ изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ очекува до декември Електродистрибуција да ги заврши сите процедури за воведување евтина дневна тарифа и најголем дел од граѓаните да можат да стартуваат со услугата уште на 1 декември.

Фото Илустрација

Најави дека ќе инсистираат во наредните година до две Електродистрибуција да ги смени сите постари броила и да постави броила со далечинско отчитување на нивен трошок кој потоа ќе биде вкалкулиран во трошоците што им ги признава РКЕ.

Со тоа, сите промени ќе можат веднаш да се имплементираат и ќе нема потреба од рачно прилагодување и читање на броилата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button