Реклама
Вирално

Се врати во живот по 17 дена поминати на респиратор: 21-годишниот Предраг останува во болница, освен короната го нападнале и други вируси

Реклама

Момчето Предраг Пеџа Николиќ од Лесковац на свои 21 година се соочи со коронавирусот и ја победи болеста иако животот 17 дена му висеше на конец, а неговата мајка, татко и сестра конечно дочекаа да му го слушнат гласот.

– Докторот ми рече дека имам половина час да се поздравам со синот и тоа е тоа. Со Пеџа последен пат се слушнав околу 23 часот вечерта. Ми рече: „Јас не сум за тука! Извадете ме од тука! Какви родители сте вие, овде уmираат“. На полноќ веќе беше на респиратор. Мојот Пеџа, во октромври треба да наполни 21 година, здрав, прав, кошаркар, беше на респиратор поради короната, на чекор од сmртта, органите по ред му откажуваа, крв му излегуваше од носот и устата, раскажува Сузана Николиќ од околината на Лесковац, чиј син Предраг заврши на респиратор во Клиничкиот центар во Ниш.

Маркетинг

Момчето беше на работ на животот и сmртта, секунди беа во прашање кога се живо му откажуваше – и белите дробови, и срцето и бубрезите, и црниот дроб, крв лиеше од каде и да го допреш…тој е милениче на целата Клиника за анестезија и интензивна терапија при Клиничкиот центар во Ниш, каде е сместен. Над неговиот кревет имаше балони за добредојде, закачени на тој 4 август, кога им се врати.

Маркетинг

Околу неговито кревет се цел тим во скафандери. Тој сега вежба со нив – едната нога, полека се витка, па се исправува. Пеџа слабо зборова, но успеава по телефон да разговара со семејството. Не сака неговата слика да се објавува во весниците. Тој е младо и згодно момче.

Извадете ме од тука!

Мајката сузана вели дека сите биле затечени од ужасната дијагноза. Пеџа од мали нозе е спортист кој тренирал и фудбал, ракомет и кошарка, а два-три дена пред да се бори со ковидот бил во теретана.

– Не знаевме што не снајде. Итно од Лесковац е префрлен во Ниш. А нам Пеџа воопшто не ни изгледаше толку лошо. Дури и разговаравме со него. А во Ниш ја дознавме страшната вистина… Срцето на Пеџа работи со 20 отсто капацитет, се почнува да откажува… Мора веднаш на респиратор, се сеќава Сузана, која по 17 дена агонија по синот, ја дочека чудо.

– Дојде и тој ден. Заѕвони телефонот и го слушнав своето дете. Гласот на Пеџа. Не беше повеќе на репсиратор. На среќата и немаше крај. Едвај збореше, но успеа да каже дека е добро. И пак она неговото: Извлечете ме од тука. Ми е жал за него. Го разбирам, гледал како човекот до него починал. Но тој е во најдобрите раце и ќе остане таму додека лекарите на кажат дека може да си оди. Само кога се разбуди, сега знаеме дека ќе биде добро, раскажува Сузана.

Колку состојбата навистина била драматчична опишува доктор Радмило Јанковиќ, директор на Клиниката за анестезија и интензивна терапија од Клиничкиот центар од Ниш.

– Пеџа е наш најмлад пациент на респиратор. Кога лекарите од Лесковац му рекоа дека испраќаат тежок пациент роден 1999 година, се фрапирав. И тогаш им реков што чекале досега, сметајќи дека таму лежел неколку дена. Но излезе дека момчето кај нив се јавило 12 часа пред тоа, дека веќе имал мултиорганска инсуфициенција, низок крвен притисок, ејакциона фракција под 40 отсто, што значи дека срцето не му пумпало. Сатурацијата била под 50, белите дробови полни со вода, откажуваа, лабораторските наоди ужасни – феретин на 10.000, ЛДХ над 1.000. Најпрво го стабилизиравме, а истата ноќ е интубиран и ставен на механичка вентилација. Крв му излегуваше од кај и да го допреш, од уста, нос, вели професорот Јанковиќ.

Тој додава дека Пеца бил на везопресурна потпора, на добутамин, кој му го одржувал притисокот висок и срцевата функција.

Дише со своите бели дробови

– Водата од белите дробови ја дрениравме. Белите дробови имаа инфилтрирати слични на радиолошка слика која се прави кај ковид пневмонијта. Состојбата не Пеџа се компликуваше од наредните денови. Веќе утредента почнаа да скокаат параметрите кои ја покажуваат бубрежната функција – креатин и до 700, уреа и до 50. Бубрезите откажуваат, следува дијализа. Констатирам и миокардитис. Бев упорни па го симнавме од добутамин, па срцето и притисокот беа подобри. Имаше инсуфиенција на црниот дроб и тоа успеавме да го санираме. Неколку дена се боревме да го извлечеме од бубрежната инсуфициенција, а потоа лабораториската слика почна да му се стабилизира. Потоа полека го одвојувавме од респираторот и после 17 дена успеавме. Сега е без машина и без кислород. Дише со своите бели дробови. Но Пеџа и натаму е сериозен пациент и останува на интензивна нега. Сепак сметаме дека ја добивме битката за неговиот живот, заклучува д-р Јанковиќ.

Неговата мајка секој ден се моли во црквата Св. Пантелејмон во Ниш. Вели дека не се одвојува од иконите на Света Петка и Богородица.

-Одев да се молам во црквите за кои слушав дека се чудотворни. Бев и во Тумано. И тогаш Блажена Марија не израдува на тој 4. август – се случи чудо, Пеџа е симнат од респиратор и се разбуди, вели мајката Сузана.

Пеџа инаку важи за редок случај зошто при приемот во Клиничкиот центар во Ниш имал и ИгГ антитела, што значи дека прележал корона, и ИгМ, што значи дека моментално ја има.

– Иако звучи чудно што Пеџа ги имаше двата вида антитела на приемот, можно е лицето да биде позитивно неколку дена и на едните и на другите. Да речеме, осум-девет дена од почетокот на болеста, прво се создаваат ИгМ антитела, па потоа ИгГ, а потоа ИгМ се губат вели д-р Јанковиќ.

Неговиот случај е интригантен зошто анализите направени врз момчето во Клиничкиот центар во Ниш покажале дека претходно прележал и коксаки вирус и мононуклеоза, без да знае за тоа.

Анализите покажаа дека Пеџа своевремено имал и коксаки вирус, кој инаку го напаѓа срцето, и Епштајн – Баров вирус, кој предизвикува инфективна мононуклеоза, позната по тоа што го напаѓа црниот дроб, вели д-р Јанковиќ.

Неговата мајка додава дека момчето некое време со жалел на главоболки, но тие мислеле дека му е тоа од честите излегувања, забави и журки, после кои станувал наутро да работи.

– Сега помислувам дека можеби тоа му беше од коксаки. Инаку, ние сме приватници. Имаме многу работници, и за чудо, никој од нив, како ни сопругот, јас, ќерката и блиските роднини, не е заразен, вели мајката Сузана.

Таа им се заблагодарува на сите лекари кои се бореа за животот на нејзиниот син кои се уште се грижат за нејзиниот син да застане на свои нозе и конечно да излезе од болница. Не ветуваат ништо, се знае дека опоравувањето ќе биде многу тешко и долго.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button