Се бореше со тешка болест, а сега ужива во животот – водителката Лила никогаш не била посреќна
Помина низ тежок период, но сега гордо чекори низ животот
Нашата позната водителка Лила Филиповска речиси секојдневно комуницира со своите фанови преку социјалните мрежи.
Таа преку нив се огласува и кога е на своите патувања, но и од дома, а сите се согласни дека секогаш изгледа прекрасно.
Но водителката сега покажа неколку заводливи комбинации, во различни креации, и повторно си блескаше како никогаш досега.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„За мојот ментален мир потребен ми е нов фустан“, напиша Лила кратко под една под своите последни објави.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, Лила неодамна отворено зборуваше за борбата со тешката болест со која што се соочуваше, но која успеа да ја победи.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа дури откако се излекува пред јавноста откри дека била тешко болна, но сега не крие дека откако успеала да ја победи болеста не престанува светот да го гледа со розови очила, бидејќи така е многу поубав, а така и го гледала во тешкиот период кој сега е зад неа.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа денес им е инспирација на многумина кои се соочуваат со истиот проблем и претставува пример како треба да се справуваме со предизвиците во животот, а тоа шармантната водителка го покажува и со секоја своја објава, посочувајќи како треба да се живее и да се ужива во среќните моменти.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„Не живеам туѓи животи, задоволна сум со својот“, напиша Лила во една пригода, а тоа дека оваа извонредна жена наместо туѓи животи се труди да го живее својот со полни гради, се гледа и од овие нејзини фотографии.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа е пример и мотив за сите кои поминуваат низ истиот период. Со нејзината позитивна приказна и храброст влева надеж и кај сите останати да не се откажуваат и да се борат до крај.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И покрај тоа што некогаш водела тешка битка, тоа кај неа сега воопшто не се познава, иако таа во ниту еден момент не покажа слабост.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Напротив, водителката и тогаш и сега го живее животот буквално како што сака, уживајќи во секој момент, во секој нов ден.
Инстаграм/ Лила Филиповска
А тоа дека уживаат во нејзините објави и оние што ја следат, можеме да видиме и од коментарите.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа постојано добива лавина комплименти и позитивни коментари од своите фанови, а тоа може да го видите под речиси секоја нејзина објава на нејзиниот профил на социјалните мрежи.