Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Се ближи Богојавление – Водици, денот кога водите стануваат лековити

Реклама

Во христијанската религија, кумот се смета за духовен родител на крстениот и негов најблизок роднина.

Водици или Богојавление е денот во кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, според христијанското предание. Со овој голем празник се заокружуваат дванаесетте т.н. „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници поврзани со Бадник, Божиќ и Нова година (Василица).

Маркетинг

Водици по правило се празнува два дена. Првиот ден е 19 јануари, кој покрај Богојавление уште се нарекува и Војордание и Машки Водици. Вториот ден пак е следниот, 20 јануари, наречен Женски Водици.Овој свет ритуал го симболизира влегувањето на синот божји во реката Јордан.

Според преданието, Водици е денот кога водите стануваат лековити. Токму затоа многумина си земаат од испеаната (светена) вода за дома, или пак му приоѓаат на попот да ги попрска со истата за среќа, здравје и бериќет.На овој ден, именден празнуваат Богдан, Бојан, Богомил, Богдана, Данчо, Данка, Даница, Јордан, Јорданка, Јован, Јованка.

Поврзано

Back to top button