СЕ бараат работници со минимум СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ – Плата 26.500 денари

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува
О Г Л А С
За вработување на 10 (десет) работници на определено време од 3 (три) месеци, (со можност за продолжување на договорот) во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место помлад продавач и помлад продавач – касиер на бензинска станица во Регион Скопје во Дирекцијата за малопродажба, и тоа:

8 (осум) работници на работно место помлад продавач;
2 (двајца) работници на работно место помлад продавач – касиер.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве компетентности:

Тимска работа;
Комуникациски вештини;
Квалитетна услуга.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 26.500 денари.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
• Писмо за мотивација;
• Кратка биографија;
• Копија од диплома за завршено образование;
• Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува);
• Препорака од претходен работодавач;
• Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
лице за контакт:
Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
Рок за пријавување: 01.02.2024
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.




