Се бараат работници со завршено средно образование – Плата до 40.000 денари!

СкараБар е првиот отмен ресторан за вистинските мераклии.
Гостилницата СкараБар со својата карактеристична национална кујна ве кани да дојдете и уживате во големиот избор на традиционални јадења, но нуди и нешто сосема уникатно, за прв пат во Македонија.
Големите мераклии и гурмани можат самостојно да си ја подготват својата скара на ќумур на една од неколкуте Грил – маси.

Кај нас може да добиете се: од предјадења и дневни специјалитети, чорби, гравче, сарми и други готвени јадења, до јадења под вршник, старинско лепче, пинџур… до најмодерни специјалитети, печења, риба и морски плодови, сосеви, проследени со најквалитетни вина и десерти.
Наши редовни гости се најголемите мераклии и боеми – од истакнати академци, глумци, естрадни личности, режисери, спортисти, политичари, амбасадори…
Во менито на СкараБар има голем избор на домашни и странски пијалоци, алкохолни и безалкохолни.

СкараБар ви нуди прекрасен начин да го започнете денот, пријатно да го поминете својот деловен ручек или незаборавно да ја завршите вечерта со жива музика, со мајсторите на прекрасната македонска песна.
Гостилница СкараБар има потреба од:
САЛАТЕРКА
Потребни квалификации:
Минимум завршено средно образование
Исклучително со претходно работно искуство
Дополнителни обуки од областа на угостителството ќе се сметаат како предност
Креативност и умешност за декорација
Да покаже иницијатива за новитети, да сака да експериментира со храна и нови вкусови

Личен профил:
Комуникативна, одговорна и лојална личност
Љубезност и педантност, со позитивен став
Самоиницијативност и посветеност на работата
Смисол за одржување на ред и хигиена
Тимска работа и професионален однос кон клиенти
Ние нудиме:
Почетна плата 40.000 денари
Полно работно време 40 часа
Пријатна работна атмосфера
Работа во смени
Контакт телефон: 075/727-110

Гостилница СкараБар има потреба од:
ХИГИЕНИЧАРКИ
Потребни квалификации:
Завршено средно образование
Претходно работно искуство на иста или слична позиција
Личен профил:
Позитивен став и енергичност
Способност за индивидуална и тимска работа
Професионален однос кон работата
Одговорност и способност за организација

Ние нудиме:
Редовни месечни примања во висина од 28.000 денари
Полно работно време 40 часа
Пријатна работна атмосфера
Работа во смени
Контакт телефон: 075/727-110 и 078/641-846.
Повеќе инфо имате тука




