Вести

Се бараат работници – Почетна плата од 60 000 денари

Advertisement

МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје e компанија за производство и дистрибуција на стока за широка потрошувачка.

На пазарот постоиме повеќе од 28 години. До 1990 година, нашата компанијата се занимаваше со големопродажба, а од 1996 година започнавме со сопствена дистрибуција.

Advertisement

фото макомаркет

Денес, дистрибуираме интернационални брендови кои често се лидери на пазарот. Во 2002 година го произведовме својот прв чоколаден крем, наречен Виена. Со тоа започна новото поглавје на нашата компанија, во кое произведувањето на сопствени брендови стана подеднакво важно, како и дистрибуцијата.

Набргу потоа ни се родија и брендовите Тазе пуканки и Мое колаче, со 14 различни екстензии на колачиња и вафел производи. Освен сопствените брендови, произведуваме и приватни трговски марки.

Наша цел е да бидеме водечка дистрибутивна компанија за стока за широка потрошувачка на македонскиот пазар, нудејќи извонреден квалитет на производи и најдобри можни услуги.

фото макомаркет

Мако маркет го опслужува македонскиот пазар повеќе од 28 години, секојдневно барајќи начини за подобрување на услугите кон клиентите и искуството кои потрошувачите го имаат со производите.

МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи, за потребите на новиот производен погон каде се воведуваат нови технолошки напредни линии за производство на нови производи, има потреба од:

фото макомаркет

Работно место: Технолог

Индустрија: Прехранбена

Потребни услови и квалификации:

ВСС, технолошки факултет
Минимум 5 години работно искуство во прехранбена индустрија
Познавање на стандарди: ISO 22000, IFS
Солидно познавање на англиски јазик

Користење на MS Office и Internet
Иновативност, одговорност, иницијативност
Организациски способности и тимска работа
Желба за постојано учење, лично и професионално надоградување

фото макомаркет

Работни обврски:

Организира и координира производство согласно план на производство
Контрола на целокупното производство, предлага мерки и решенија за подобрување на истото
Учествува во имплеметација на стандарди за безбедност на храна
Следи и координира стандарди

Развој и контрола на квалитет
Контрола на производни процеси за квалитет
Води соодветна документација
Следи и имплементира законски и подзаконски акти
Следи светски трендови во доменот на технологијата и технолошки решенија за производство

Што нудиме

Почетна плата од 60.000 денари
Работа на нови современи автоматизирани производни линии
Работа во современ објект со воспоставени стандарди, систем и правила на работење
Бонуси за исполнување на норми и производни планови

Редовен годишен одмор
Колективно осигурување на вработени од незгода
Можност за напредување според систем за валоризација на работа
Обуки за лични и професионални вештини во нашата Академија за Лидерство

Повеќе детали може да најдете тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button