Се бараат работници – Плата 34 500 денари

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е производител на цемент и на други градежни материјали.
Како членка на Групацијата ТИТАН, работи според најдобрите светски практики водејќи грижа за потребите на општеството и одржливиот развој преку одговорност и интегритет.
УСЈЕ е основана во 1955 година и денес е една од најголемите домашни компании со значаен придонес во развојот на земјата.

Фото Усје мк
Вработува повеќе од 250 вработени, a преку соработката со локални добавувачи и изведувачи овозможува создавање нови работни места. Компанијата управува со 3 рудници – рудник за лапорец Усје, рудник за варовник Говрлево и рудник за песок.
Покрај производството на цемент, УСЈЕ поседува и погон за готов производ и агрегати, во кој произведува различни видови бетон. Со своите производи го снабдува домашниот пазар, како и пазарите во регионот (Косово, Албанија и Бугарија).
Цементарница УСЈЕ создава вредност преку трансформација на суровините во основниот градежен производ – цементот, служејќи ѝ на општествената потреба за квалитетно, безбедно и трајно домување и инфраструктура.

Фото Усје мк
Цементарница УСЈЕ е посветена кон одржливост и има за цел да одговори на глобалните предизвици за одржливост во рамките на Целите за одржлив развој на Обединетите нации 2030.
Цементарница УСЈЕ е членка на Глобалниот договор на ОН од 2008 година.
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на
Оператор-администратор во Секторот за готов бетон
Обезбедува соодветна работа на опремата за производство на готов бетон (Бетонска база), притоа произведениот бетон да биде со соодветен квалитет, а опремата и ресурсите да бидат оптимално користени.

Фото Усје мк
Управување и контрола на производствениот процес согласно интерните барања и барањата на клиентите. Во случај на дефекти на опремата, преземање активности за што побрзо отстранување.
Координација на испораката на готов бетон на градилиште и постојана комуникација со лицата кои се одговорни на објект со цел навремена и точна испорака на готов бетон.
Постојано следење на квалитетот на произведениот бетон и чистотата на возилата и соодветно известување. По потреба да зема проби и да определува карактеристики на свежиот бетон. Помага во администрирање на документацијата во секторот.

Фото Усје мк
Работата и работните задачи на ова работно место се одвиваат во две смени. Основната нето плата за работното место е од 34.500 денари.
Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, приватно здравствено осигурување, додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа, како и бонус за успешно работење.
Потребни квалификации:
– Средна стручна подготовка (IV или V степен)
– Со или без претходно работно искуство
– Искуство со браварија, електрика и работа со компјутери ќе се смета за предност
– Поседување на лиценци и други сертификати ќе се смета за предност
– Основно познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб-страницата на Цементарница УСЈЕ
http://www.usje.mk во делот „Придружете ни се“ или на меил [email protected]
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.




