Сефер Цановски засвири на клавир држејќи ја НОВОРОДЕНАТА ЌЕРКИЧКА: „Имаме обврска да им направиме подобра држава на идните генерации“
Во семејството Цановски секогаш е бурно и динамично.
Бизнисменот и директор на ФОН, Сефер Цановски е многу активен на социјалните межи, каде често ги изјаснува неговите ставови околу актуелните случувања во Македонија. Без влакна на јазикот, тој не ги поштедува ниту политичарите.
Цановски може да се пофали со завидна кариера. Но, освен што е усшешен во својата професија, тој е и сопруг и татко на 4 деца.
Инаку, Цаноски речиси десет години беше во брак со ќерката на некогашниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски, Лејла Рамковска.
Во бракот со неа тој доби две деца, син и ќерка.
По разводот со Лејла тој изјави дека останал во добри односи со неа и нејзиното семејство.
Тој во едно свое интервју откри дека тој и Лејла се труделе да ја спасат нивната љубов, но не успеале, па токму затоа одлучиле да се разделат. После бракот, поранешните сопружници останале добри пријатели, а нивниот фокус секако се насочил кон нивните две прекрасни деца. Сефер вели дека со Лејла и семејството Рамковски е во секојдневна комуникација и негуваат меѓусебна почит.
Тој и Лејла се инаку кумови на популарната пејачка Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитриовски-Мачка.
Сефер никогаш не ја криел својата приватност и секогаш отворено зборувал за своите љубови. По разводот со Лејла тој стапи во брак со преубавата Турчинка Сезен.
За Сезен, Сефер изјави дека била неговата љубов на прв поглед.
Тие се сретнале сосема случајно на улиците на Таксим, каде Сефер бил на службено патување.
-Пиев кафе на коридор во 20 милионскиот Истанбул кога се појави пред мене. Се погледнавме очи во очи и во истиот момент и двајцата го почуствувавме истото! И викам, извинете, дали зборувате англиски?, а таа ми се обрати со убав чист англиски јазик, што за Истанбул и Турција е тешко да го најдеш. Но не беше до англискиот…
За прв пат во живот ни се случи љубов на прв поглед. Сезен е најискрената женска личност што сум ја запознал во мојот живот. Германска култура. Турска чесност и почит. И современа жена со широки погледи – откри Сефер за Фокус.
Сезен во Турција имала завидна кариера како банкарка, интернационален трговски менаџер, а имала и своја хуманитарна органзација. Но, љубовта победува сѐ и ги тера луѓето да направат огромни чекори.
Токму затоа, Сезен одлучила да го напушти својот живот во Турција и да промени сѐ. Поради љубовта кон Сефер, таа се пресели во Македонија, а набрзо потоа станаа сопружници.
Плод на нивната љубов се нивните две ќерки.
Во 2019 година се роди нивната прва ќерка Алара, а гордиот татко не издржа и веднаш го сподели со јавноста.
„Добре дојде Алара“, напиша тој на „Фејсбук“ и додаде дека се чувствува благословен што му се родила ќерка.
На 26. јануари оваа година смејството доби уште еден благолов. Цановски го доби четвртото дете, ќерката Алја.
„Со милоста на Алах, благословени сме со нашата ќерка Алја Мелек. Животот нека ти е исполнет со здравје и среќа“, напиша Сефер на „Фејсбук“, а меѓу првите кои честитаа беа неговите кумашини Тамара и Мачка.
Нова причина за славење во домот на Цановски беше роденденот на малата Алара. Сефер веднаш сподели фотографии од роденденската забава во домашна атмосфера.
„Среќен роденден Алара. Ти благодарам што ги исполни нашите животи со љубов, смеа и прекрасни моменти“, напиша тој во опис на фотографиите кои ги објави.
Деновиве актуелна тема беше бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Откако беше распишана и меѓународна потера по него, тој одлучи лежерно да се појави пред Обвинителството за гонење на организиран криминал, за да го подигне решението за куќен притвор, откако полицијата не го пронашла за да му го врачи.
Мијалков се изјасни дека имал симптоми на Ковид 19 и токму затоа бил изолиран и никому не се јавувал. Демантираше дека сакал да избега, затоа што како што кажа, тој никогаш не го погазува својот збор, а веќе јавно дал збор дека нема да избега.
Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.
Коментар на сите овие случувања имаше и бизнисменот Цановски.
Тој одлучи во свој стил да го каже својот став, свирејќи на клавир, а во раце држејќи ја неговата новородена ќерка.
„Дури и мојот мелек не верува во правда …
Ние нашите генерации имаме обврска да се бориме не само за правда туку и за правичност и иднина.
Имаме одговорност и обврска кон идните генерации да им направиме подобра иднина и подобра држава.
Драги властодршци ( извршна, судска и законодавна) Не ломете ни ја иднината…“, напиша Сефер во опис на видеото кое го објави на Фејсбук.