Реклама
MAMAБебиња

Сестри близначки родени со повеќе од три месеци разлика

Реклама

Две девојчиња близначки, се родени со 97 дена разлика во германскиот град Келн.

Едната  е родена на 17 ноември минатата година, а втората на 22 февруари оваа година. Првата девојка е родена во 26-та недела од бременоста и тежела само 900 грама. Втората девојка е родена четири дена по предвидениот датум на раѓање и тежела 3,7 кг.

Маркетинг

Мајката Оксана ја роди првата ќерка во 26-тата недела. Откако се породила со првата ќерка, напорот бил прекинат, а лекарите одлучиле дека жената нормално може да ја  продолжи бременоста и да ја чека другата девојка. Иако звучи малку неверојатно, бременоста на Оксана продолжила нормално за време на трите месеци.

Лекарите велат дека ова било успешно, бидејќи жената имала две плаценти, а грлото на матката целосно било затворено по раѓањето на првата девојка.

Маркетинг

Првата девојка поминала неколку недели во болницата, а потоа била пуштена дома. Сега двете девојки се добро и одлично напредуваат.

Поврзано

Back to top button