СЕМЕЈСТВОТО пред сѐ: Министерот за економија на прошетка со НАЈСАКАНИТЕ – неговата сопругата е вистинска убавица!

Министерот за економија го искористи слободниот ден за прошетка со семејството.

Вниманието целосно го привлече неговата преубава сопруга.
Крешник Бектеши е член на политичката партија Демократска унија за интеграција и министер за економија од 2017 година.
Еден е од ретките кој на социјалните мрежи споделува фотографии од неговата семејството и приватниот живот.

И покрај многуте обврски како политичар, тој секогаш наоѓа време да ужива со семејството.
Долги години е во брак со Јилка која мора да се признае дека е вистинска убавица.
Како круна на нивната љубов им се двете деца. Нивниот син има 3 години, а ќерката 8 години.

Со Јилка се запознале пред 13-14 години преку другар на министерот.
Јилка е најмногу ангажирана околу децата затоа што родителите на министерот, како што откри самиот тој во едно телевизиско итервју, живеат во Швајцарија, и тој и Јилка се препуштени сами на себе околу воспитувањето на децата.

Вели дека се труди секој слободен момент да го искористи со семејството. Во последно време ѝ помага и на својата ќерка во вежбањето математика.
Наутро вели ужива во утринското кафе со сопругата.
„Да бидам искрен, не сум баш некој добар домаќин, главно јас ѝ правам кафе од сабајле на жена ми, а после жена ми се труди за мене навечер. И кога имам прилика, јадам дома, зашто повеќето од времето јадам надвор“, кажа министерот.

Малкумина знаат, но Бектеши има живеено и во Швајцарија и Белгија, каде се има родено и нивната ќерка, но најсреќно се чувствува во своето родно Кичево.
Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието на Македонија кон крајот на минатата година го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор.

Работниците кончено можат да бидат слободни во неделите и а уживаат со своите најблиски.
Тоа право го искористи и Бектеши.

На Фејсбук сподели и фотографија од него и семејството, а во опис напиша:
„Со последната одлука недела е НЕРАБОТЕН ДЕН
92% од вработените имаат слободно време да поминат со своите семејства.
8% од вработените кои се ангажирани во недела имаат поголеми дневници за 50-100%.
Трудот на работниците мора да се почитува и соодветно да се вреднува
Секој работник има право на одмор и неделата да ја помине со семејството.
Семејството пред се!“
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши
ФОТО: Фејсбук / Крешник Бектеши