Семејната идила на Николија: Еве како популарниот пејачки пар го поминува времето во изолација
Српската пејачка Николија Јовановиќ која со години е во врска со раперот Реља Поповиќ со кого ја има ќеркичката Реа ретко споделува слики од својот приватен живот, за разлика од своите колешки.
Николија која е ќерка на пејачката Весна Змијанец, деновиве ги изненади своите фанови кога објави слика од своето семејство бидејќи тоа многу ретко го прави.
Имено, објави фотографија како со Реља ја шетаат ќеркичката во природа, по што се нижеа позитивни коментари за нивното семејство: „Совршени сте“ и „Колку сте убави“.
https://www.instagram.com/p/B_u9_mPp6Jw/?utm_source=ig_embed
Николија во едно интервју раскажа дека таа не е типична жена и не знае како таа и Реља би функционирале доколку не се пејачи туку имаат некоја сосема друга професија.
Таа призна дека како и секоја двојка и тие имаа проблеми во заедничкиот живот:
-Потребна е многу љубов и труд за да може врската да опстане. Треба да се прават компромиси, и ние тоа го правиме во нашата заедница, вели Николија.