Секој му завидува на нејзиниот сопруг: Една од најубавите жени во Македонија и на 47 години е БОМБА во бикини
Некогашната мисица и македонска презентерка покажа како ѝ прилегаат бикини.
Нема маж кој не би му завидел на Мики Црнокрак што покрај себе има ваква прекрасна жена.
Светлана Црнокрак со години е дел од модниот свет, а денес го носи епитетот на една од најубавите жени во Македонија.
Плени со грациозност и шарм, а секогаш се труди да е средена од глава до пети.
Во светот на модата зачекори многу млада, а веќе долги години заедно со својот сопруг Мики Црнокрак успешно го водат модното студио „Црнокрак“.
Приватно е посветена на нејзините две ќерки, а постарата веќе тргна по нејзините стапки и веќе реди успеси во модниот свет.
Светлана е доста негувана и максимално внимание посветува на својот физички изглед, а како што многупати има изјавено доста внимава на исхраната и се труди секогаш да биде во форма.
Сето тоа резултира Светлана да го задржи младешкиот изглед и совршената линија.
Деновиве таа ужива на својот летен одмор, па своите фанови ги почести со фотографија во бикини.
Времето за оваа жена буквално запрело, па на 47 години изгледа како девојка.
Совршениот тен и обликуваното тело ја красат оваа дама. Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак
ФОТО: Фејсбук / Светлана Црнокрак