Секој ден треба да се проветрува просторот во кој живеете поради коронавирусот: Научниците дојдоа до нови сознанија
Во студијата “Seasonality of Respiratory Viral Infections”, објавена во научното списание “The Annual Review of Virology” група научници од Универзитетот Јејл,Универзитетот во Цирих и од Хауард Хуџес здравствениот институт, предводени од д-р Моријама, ги објавија резултатите од истражувањето кои го апострофираат значењето на природните механизми за превенција на ширењето на респираторните вируси, меѓу кои е и вирусот САРС-КОВ-2.
Написот се осврнува на резултатите од истражувањата во претходно објавените студии на животински модели, но и резултати од клиничките студии кои истакнуваат дека релативната влажност од 50 % е оптимална за функционирање на дишниот систем кај луѓето, но и заштита од вирусните инфекции.
Србинката Јована Р. која живее во Кина, на својот Твитер сподели совети кон кои се придржуваат таа и нејзиното семејство откако почна епидемијата во Кина. Наведе дека покрај чистењето на просторот, облеката и обувките задолжително се дезинфицираат.
„Дезинфекцијата на обувките, во нашиот случај: Разблажено средство на база на хлор и вода во шише со прскалка. Тоа го држиме на влезната врата и по враќањето ги прскаме ѓоновите пред да влеземе дома.
Дезинфекцијата на облеката во нашиот случај: Јакните во кои одиме надвор, ги држиме исклучиво и само на тераса и по потреба ги прскаме со алкохол. Бидејќи се движиме главно во нашата населба каде нема заразени во круг од 2 километри прскањето не е потребно, но не е штетно. Останатите алишта ги перам регуларно во машина како и претходно, само на продолжено перење.
Што се однесува на дезифекцијата на просторот, СЗО на официјалниот сајт реагираше со цел да ги разбие заблудите за дезинфекција на просторот и личната хигиена по повод коронавирусот.
Имено, СЗО истакнува дека хлорот и алкохолот можат исклучиво да се користат за чистење на површините, но тоа треба да се прави само со адекватна препорака, односно, производ или препорачано количество.
СЗО реагираше поради прашањето и советите да се прска алкохол или хлор по телото.