Реклама

Warning: Attempt to read property "slug" on null in /www/wwwroot/glamur.mk/wp-includes/taxonomy.php on line 4632

Warning: Attempt to read property "slug" on null in /www/wwwroot/glamur.mk/wp-includes/taxonomy.php on line 4632
LIFESTYLEВиралноНега и здравје

Секој ден ми умиpaат колеги, животот стана лотарија: Шокантна исповед на д-р Нела

Реклама

Италија ги преживува најтешките моменти. Коронавирусот ги парилизира тамошните болници, стотици мртви, илјадници заразени. Умираат не само пациентите, туку и докторите и медицинските сестри. Во разговор за хрватската национална телевизија, од Падова своите потресни сведоштва ги сподели докторката Нела Сршен (54).

– Секое утро кога се будам, прво отварам пораки да видам каква е состојбата на терен и првите информации кои мојот мозок ги прима во пет сабајле е бројот на починати кој се зголемува. Ја поминавме и Кина, преку 4.800 Mртви.. Во Ломбардија има преку 2.000 заразени само во последните 24 часа. Во Милано има нови 650 случаи. Секоја покраина се обидува да се снајде на најдобриот можен начин. Го применуваме кинескиот модел, бидејќи по три месеци оваа земја успеа да го стави вирусот под контрола – раскажува д-р Нела.

Маркетинг

Таа е загрижена што бројките растат наместо да се намалуваат. Прогнозира уште порестриктивни мерки и открива дека контроли се вршат и од бродовите, но и дека постојат апликации во Ломбардија преку кои се контролираат сите жители. Сепак, смета дека народот уште не сфаќа што се случува.

Во Ломбардија е вонредна состојба. Болниците се полни, капацитетите се оптоварени, а некои од најтешко заболените пациенти лежат по ходниците бидејќи нема доволно кревети.

Маркетинг

– Вистина е, особено во Ломбардија. Нема место за болните, како што нема место ниту за мртвите. Нереални се овие сцени. Ломбардија дури и интубирани пациенти со воени авиони пренесува во други региони, во Палермо на Сицилија. Вчера Колегите од Ломбардија ми кажаа дека дури се адаптираат и црквите. Сѐ што може, се пренаменува во болница. Во Венето, сѐ уште се добро организирани работите. Таму сѐ уште не се исполнети сите капацитети. Посебно загрижува фактот што 20-30 отсто од здравствените работници, сестри и доктори, дневно заболуваат и умираат од коронавирус – открива италијанската докторка со хрватско потекло.

Таа е особено вознемирена што секое утро, додека со колегите на работа пијат кафе одалечени по десет метра еден од друг, слуша ново име што ѝ е познато, нов здравствен работник кој завршил на реанимација.

– Во вакви околности не сме ни свесни дека ги ризикуваме нашите животи, секој ден, секој час, секоја средба со пациент.. Мора да бидеме професионални, иако после се враќаме дома кај нашите најблиски. Тешко е да се остане рационален. Животот овие денови во Италија е лотарија – искрена е Сршен.

Ситуацијата е тешка, особено на север. Заболените и оние во критична состојба се толку многу, што докторите доаѓаат пред свршен чин – прекршување на заклетвата до таа мера што се принудени да одберат кого да спасат, а кого да остават да умре.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button