Реклама
BEAUTYНега и здравје

Секојдневното конзумирање на кафе и алкохол може да ви го продолжи животот

Реклама

Ако се чувствувате винa дека пиете  чаша кафе или неколку капки алкохол, повеќе нема потреба да си се обвинувате, бидејќи научниците од Универзитетот во Калифорнија во Ирвин  дојдоа до заклучок дека овие две работи можат да ви помогнат да живеете подолго.

Имено, во рамките на истражувањето, научниците ги следеле навиките од 1600 лица и дошле до заклучок дека оние што пијат умерени количини на алкохол или кафе живеат подолго од оние кои се воздржуваат.

“Јас немам објаснување, но цврсто верувам дека умереното пиење влијае на долговечноста”, вели д-р. Клаудија Кавас, која го водеше истражувањето.

Маркетинг

Клучот, секако, е умереноста. Оние што пиеле две чаши пиво во текот на студијата ги намалија шансите за предвремена смрт за 18 отсто. Две чаши кафе дневно ги намалија шансите за десет проценти.

Фокусот на ова истражување, кој се спроведува од 2013 година, беше на луѓето постари од 90 години, бидејќи научниците сакаа да сфатат кои фактори влијаат врз долговечноста.

Маркетинг

Позитивен здравствен ефект, со исклучок на умерено пиење на алкохол и кафе, имаа и  редовните вежби и хоби.

Луѓето што имаат хоби и се занимаваат по два часа дневно имаат помала шанса за предвремена смрт за 21 отсто, додека оние што се занимаваат со физичка активност од 15 до 45 минути дневно се намалија за 11 проценти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button