„Хуманоста е слика на големината на човекот“ напиша на својот Фејсбук профил Небојша Трајковски објавувајќи ја оваа приказна!
Возило натоварено со нов шпорет, брашно, масло за јадење замина во селото Ранковце. Хуманиот Љупчо Николовски предпразнично и го стопли срцето и дом на баба Загорка со потребните намирници за престојната зима.
Овие слики на радост ни кажуваат дека е доволно малку да се направи добро дело. Пример кој треба сите да го следиме е примерот на Љупчо Николовски, напиша Небојша.
Хуманоста е надеж, среќа, пред се време за дарување љубов за сите оние кои имаат потреба за тоа.Само хуманоста ни дава една мистерија која не обвиткува, често доаѓа до израз она внатрешното – чувството на хуманост на кое толку често забораваме, а токму тоа е она чувство што го прави човекот ЧОВЕК во вистинска смисла на зборот.