Реклама
Хороскоп

Секогаш искрена и слободна – тоа е жената Лавица!

Реклама

Жената Лавица во љубовта вложува многу и спремна е својот партнер да го стави во центарот на вниманието, додека таа се чувствува слободно во нивната врска.

Со овој хороскопски знак владее Сонцето, средиштето на Универзумот и во склад со тоа, Лавицата обожава да биде во центарот на вниманието и тоа секогаш и оди од рака. Кога е лута, најлесно ќе ја смират комплименти и подароци. Има силен дух и сака да победува, а благодарејќи на својата интелигенција, досетливост и креативност – нејзиниот живот е исполнет со многу победи.

Маркетинг

Со неа секогаш знаете на што сте, а кога ќе се заљуби – нејзиниот свет почнува да се врти околу нејзиниот партнер. Често се вели дека Лавовите се себични, но овие жени често ја покажуваат и ја докажуваат својата љубов. Тие се топли и страствени жени, подготвени да се борат, да водат љубов и да поминат денови во прегратки, но само доколку нивната слобода не е загрозена.

Жената лав ќе ви го претвори животот во најубава љубовна приказна, ќе ја стопли вашата душа и ќе ви отвори нови погледи на животот, за какви не сте ни сонувале. Како девојка и сопруга таа ќе биде скапоценост која со задоволство ќе ја покажувате, но и љубоморно ќе ја чувате од погледите на другите бидејќи нејзината величественост нема граници. Ќе ја обожавате, ќе се потпирате на неа бидејќи таа е онаа која никогаш не заборава на емоциите и потребите на својот избраник.

Маркетинг

Таа е вашиот животен сопатник, пријател, соборец во љубовта и проблемите, личност без која нема да можете да си го замислите денот. И самите ќе сфатите дека никој нема поискрено и пореално да ве сака од жената лавица, бидејќи нејзиното срце е искрено, несебично и смело, а нејзиниот лик, тело, поглед и глас ќе бидат вашата душевна храна.

Со неа секогаш ќе знаете на што сте, дали ве сака или не. Не постојат многу филозофии и мора да ѝ верувате целосно, зашто нејзиното големо и топло срце никогаш не би го изневерил оној кој таа го сака. Жените Лавици сакаат да бидат третирани добро. Може да се каже дека имаат големи барања, но во суштина тоа зависи од окружувањето и начинот на кој е воспитана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button