Реклама
Наши ѕвезди

Секогаш е насмеана, но малкумина знаат за БОЛКАТА КОЈА ЈА КРИЕ Татјана Лазаревска – 2 недели по загубата на татко ѝ морала да се врати на сцена

Реклама

Македонсата пејачка Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски важат за едни од најскладните парови на македонската музичка сцена.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

И двајцата се пејачи, најпопуларни во земјава, а сепак однивните снимките може да се види дека сѐ уште ја негуваат својата љубов. Дефинитивно тие се доказ дека партнер од иста професија може да биде само предност, а не мана.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Музиката ги спои, а тие се уште изгледаат вљубено како првиот ден.

Маркетинг

– Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна – се потсети Лазаревска во една прилика.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Татјана и Новица заедно со нивните синови Стефан и Петар одлучија да заминат од нашата земја и во 2015 година се преселија во далечната Австралија.
Тие од таму често споделуваат фотографии и на своите фанови им покажуваат како живеат. Судејќи по фотографиите одлично им оди.

Маркетинг
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Се пофалија дека најблиската плажа им е на половина час возење од нивната куќа и дека се пресреќни што таму конечно имаат малку подобри можности и услови за живот.

Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична. Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ недостигаат нејзините најблиски.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Во едно интервју пејачката откри дека и двајцата синови се занимаваат со спорт. Петар се занимаваа со кошарка, игра за репрезентација на „Викторија“, а на Стефан кошарката сѐ уште му е како хоби, заедно со австралискиот фудбал.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Пејачката на социјалните мрежи се пофали дека имаат нова куќа која е уредена според нивните желби и потреби, и во која често доаѓаат колеги од Македонија.

На популарната фолк пејачка омилено место во куќата и е дневниот престој каде може максимално да се опушти и да гледа филмови, а како што самата изјави во една пригода, за мезето речиси секогаш е задолжен нејзиниот сопруг за кој признава дека одлично се снаоѓа во кујната.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Пејачката е доста активна на интернет, па често споделува и семејни фотографии.
Во една прилика сподели и фотографии од нејзината мајка која дошла во посета кај нив во Австалија.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Од нив можеме да видиме дека Татјана наликува на својата мајка, но и дека имаат исти фризури. Нејзината мајка исто така има кратка фризура, но за разлика од Татјана која има платинеста нијанса, косата на Снежана е во впечатлива црвена боја која одлично ѝ прилега на годините.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Пејачите се секогап весели и насмеани на сцена за време на нивните настапи, па секој од нас помислува дека тие воопшто немаат проблеми.

Малкумина знаат за трагедијата која пејачката ја има доживеано. Имено, на Велигден во 2011 година пoчинал нејзиниот татко, а таа само две недели откако загубила сакан човек, морала да се врати на сцена.

– Вечерта кога татко ми почина имав настап во Гостивар. Го откажав, тоа беа најтажните моменти во животот. После две недели имав настап кој беше претходно закажан, можев да го откажам, но не го сторив тоа. Знаев дека микрофонот ќе ми биде лек за големата болка. Кога се качив на сцената и почнав да пеам, се обидував да бидам весела и да се контролирам да не заплачам, за да не го нарушам расположението на луѓето.

Направив убава атмосфера. Кога му кажав на газадата на локалот за мојата болка, тој не можеше да поверува колку професионално го изработив мојот настап – открива Лазаревска за „Женски магазин“.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Пејачката е секогаш ведра и позитивна, па токму затоа публиката ја обожава. На сите нејзини настапи и концерти публиката е на нозе, затоа што таа умее да направи луда атмосфера. Нејзините хитови е пеат наизуст.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Освен што одлично се снаоѓа во секоја сфера, таа одлично и изгледа. Мора да се признае дека пејачката која е во петтата деценија изгледа неверојатно.

Во нејзината Австралија сега е лето, па таа не пропушта да објави и разолени фоторафии на кои се препелка на песокот на плажа. Тања може да се пофали со тело и линија на кое дури и младите колешки ќе ѝ позавидат.

ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм
ФОТО: Татјана Лазаревска/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button