Сега е сé јасно, конечно е обелоденето – еве колку гласови добија МАКЕДОНСКИТЕ Гранд ѕвезди во финалната вечер
Што мислите, кој доби најмалку гласови?
Во големото финале на „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваа 16 финалисти од кои двајца беа од Македонија.
Победникот во најгледаното музичко шоу во регионот беше избран преку СМС пораки испратени од гледачите.
За време на финалната вечер пристигнаа 486.933 СМС гласови, а по напнатото гласање Саша Поповиќ го соопшти победникот.
Кога беше обелоденето дека Махир Мулалиќ ја однесе победата во овогодишната 14 сезона од популарното талент шоу, Поповиќ објави и дека за него пристигнале неверојатни 136.428 гласови, додека второпласираниот Исак Шабановиќ преку СМС пораките доби 133.510 гласови.
Што се однесува до натпреварувачите од Македонијa, Мите Стоилков доби 50.081 гласови и тој го освои четвртото место.
Марија Груевска со вкупно 20.811 гласови испадна по вториот пресек.
Еве колку гласови освоија и другите.
Валентина Кузмановиќ која се најде на третото место доби 66.720 гласови.
По првиот пресек на гласовите, натпреварот го напуштија Селим Селимовиќ (1.112 гласови), Ивана Богичевиќ (1.253), потоа Мартин Ајдаревиќ (2.014), Александар и Димитрије Казиќ (2.753), Немања Петровиќ (3.540, Мухарем Хадровиќ (5.018), Кристиња Тодоровиќ (5.228) и Белма Хусеинефентиќ (5.310).
По вториот пресек покрај Груевска испаднаа и Бојан Павловиќ (13.203), Садик Хасановиќ (17.568) и Зорја Пајиќ (22.384)
Покрај титулата најдобар и статуата, победникот освои и автомобил, како и две песни и комплетен маркетинг во рамките на продукција Гранд.
Кој е Махир Мулалиќ – новата Гранд ѕвезда
Победникот во овогодишното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има 21 година и доаѓа од Грачаница.
Тој е студент на Машинскиот факултет, но обожава да пее. На фестивалот во Бања Лука го освои првото место.
Малкумина знаат дека ова не му е прв пат да учествува во Ѕвездите на Гранд. Но по првото појавување, како што жирито кажа тогаш, му беше потребно време за да созрее. Кога беше потполн подготвен одлучи своите вокални способности повторно да ги испроба на познатата голема сцена.
Овој пат менторка му беше Марија Шерифовиќ која цело време му беше најголема поддршка, од почеток до крај на шоуто.
За време на натпреварот на Махир му се случи голема трагедија – тој остана без својата мајка. по овој трагичен настан тој сакаше да го прекине натпреварот, но Шерифовиќ имаше добро претчувство и успеа да го предомисли, што се покажа како вистински избор за младиот пејач.
Вниманието на јавноста го привлече и приказната дека помеѓу него и една колешка се појавиле љубовни искри.
Но Махир не сакаше тоа да го коментира, а со својата искрена насмевка и одличен глас ја освои публиката.
Тој по победата гостуваше во телевизија Прва и откри како мајка му го бодрела непосредно пред да ја изгуби битката од болеста, но и каква порака му испратила само два дена пред да замине од овој свет.
„Оваа победна ја посветив на Господ и на својата мајка која за жал не е тука. Би сакал да е тука да се веселиме заедно, но таква е судбината“.
„Не ми беше лесно. Тие денови се и сешто ми се вртеше из главата. Во разговор со продукцијата и Марија, сфативме дека за мене е најдобро да се вратам во натпреварот. Тогаш кога го вратив филмот, два дена пред да згасне животот на мајка ми, таа ми испрати една малку поголема порака во која пишуваше: ‘Бори се за себе. Само напред, дали избра стајлинг за следниот круг? Се слушаш ли со Марија, дали и ги испраќаш снимките?’ Таа во сето тоа лудило и бунило размислуваше за мене и ми беше најголема поддршка на тој пат, па ќе се потрудам никогаш да не ја разочарам“, изјави Махир.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин