Северина стави шал, па отиде во џамија – фотографијата направи хаос на интернетот, посебно откако пејачката го порача ова
„Бајрам Шериф Мубарек Олсун“
Муслиманите ширум светот вчера го прославија Рамазан Бајрам, а Северина Којиќ им честиташе на верниците на специјален начин. Имено, пејачката објави фотографија на која позира покриена со шал во џамија во Абу Даби.
„На сите мои пријатели од исламска религија, го посакувам Бајрам Шериф Мубарек Олсун“, напиша Северина, откривајќи дека сликата е креирана во 2015 година.
За еден час, објавата беше лајкувана од скоро 12.000 луѓе, а многу обожаватели и се заблагодарија за честитката.
Што значи Бајрам Шериф Мубарек Олсун?
Муслиманите вчера го одбележаа својот најголем празник Бајрам. Овој празник кај нив се честита со зборовите „Бајрам шериф мубарек олсун“ што во превод би значело Нека е благороден Бајрам благословен.
На ова се одговара: Алах рази олсун, што во превод значи Нека е Алак задоволен со тебе.
За време на бајрамските празници муслиманските верници посетуваат и им честитаат празникот на своите најмил, роднини, комшии и пријатели.
Посетите на ближните се задолжителен и составен дел од бајрамските празници кај муслиманите.