Северина со емотивна порака за 2020: „Не заборавај ги луѓето што те повредиле, тие те научиле…“
Еве како Северина на сите им ја честиташе Нова година
Познатата хрватска пејачка се огласи преку својот профил на социјалните мрежи, а покрај честитката објави и фотографии од нејзиниот настап во Пореч.
„Што ќе понесеш со себе во Новата година? Не носи ги со тебе проблемите, носи ги шансите! Понеси ја радоста, надежта и утехата. Времето минува и луѓето заминуваат, за момент или за секогаш, но убавите работи засекогаш се памтат. Секогаш во своето срце носи ги луѓето што си ги сретнал, што ти кажале убав збор, ти подариле насмевка, те охрабриле. Сети се и на луѓето што те повредиле, тие те научиле што е тоа животот навистина. Не жали што уште една година е зад тебе, радувај се на убавите денови во таа година, радувај се на се што ти дава животот. Многумина не го дочекаа овој ден, ти го дочека! Заблагодари се и ако треба направи го тоа уште еднаш. Колку пати и да го повториш тоа, никогаш не е доволно. Знаеш ли зошто? Затоа што животот навистина е сé што имаш! Среќна Нова 202 година“, напиша Северина.