Погледнете ја креацијата, и вие може да ја своите…
Една од најпознатите пејачки на Балканот, на својот Инстаграм профил објави дека подарува еден од своите најубави фустани.
Во прашање е креација на познатата дизајнерка Матија Вуица кој пејачката го носеше пред две години на Малдивите.
На еден од моите најубави фустани во мојот плакар, овој од мојата драга Матија Вуица, време му е да замине во вашиот плакар. Само ‘тагирајте’ се себеси или некој што знаете дека фустанот би го развеселил, објави Севе со хаштаговите #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina.
Северина еден ден претходно ги објави фотографиите од Малдивите каде го покажа сиот раскош на преубавиот фустан.
Таа ги воодушеви своите фанови, а еден ден подоцна фустанот реши да го подари на една среќна добитничка.
Во прашање е летен прозрачен модел со потписот на Матија Вуица кој пејачката го носеше во 2019 година кога заедно со сопругот Игор Којиќ и синот Александар беше на одмор на Малдивите. Од тогаш многу работи се променија во нејзиниот живот, посебно в последните месеци откако судот донесе привремена одлука нејзиниот син да живее со таткото Милан Поповиќ. Наводно, во последните неколку месеци и бракот на Северина и Игор е во криза – тие од март претходната година не се забележани заедно. Но тој период во претходните две години беше еден од најдобрите за пејачката – таа беше во романтична љубов со Игор и во одличен однос со неговото семејство, па тогаш на одморот со нив на оваа прекрасна дестинација беше и братучетката на Игор.
Но по карантинот што во март го помина во домот на родителите на Игор во Белград пејачката веќе не е толку во добри односи со неговото семејство и неговите родители повеќе не ја следат на Инстаграм. Токму и затоа многумина во оваа постапка на Северина гледаат дека пејачката сака да им даде значење само на убавите работи во нејзиниот живот, да заборави на проблемите со кои се соочуваше и да продолжи да живее со полни гради.
Но и да им посвети љубов на своите фанови кои цело време веруваа во неа и ја поддржуваа во овие тешки моменти.
Во продолжение погледнете како изгледа фустанот што може да го освоите на нејзиниот Инстаграм…
Фото: Инстаграм/ Северина
Фото: Инстаграм/ Северина
Фото: Инстаграм/ Северина
Фото: Инстаграм/ Северина
Фото: Инстаграм/ Северина
Фото: Инстаграм/ Северина
Фото: Инстаграм/ Северина
Фото: Инстаграм/ Северина
Фото: Инстаграм/ Северина