Реклама
Наши ѕвезди

Северина објави нова фотографија и поубава е од кога било досега

Реклама

И покрај тоа што минува низ тежок период, Северина според многумина сега изгледа подобро од кога било досега

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Познатата пејачка храбро се бори со приватните проблеми и воопшто не ги занемари своите деловни обврски.

Таа неодамна ја заврши својата регионална турнеја и редовно објавуваше фотографии од концертите на Инстаграм. Таа на нив секогаш изгледа прекрасно иако на нејзините фанови им е јасно дека пејачката беше тешко погодена од вестите дека нејзиниот син повеќе нема да живее со неа, односно дека старателството за него го добива Милан Поповиќ.

Маркетинг

Но по месец дена Северина објави нова фотографија со која ги воодушеви сите. Имено, таа стои покрај голема украсена елка, облечена во преубав фустан, а во описот напиша порака која никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

„Верувајте со целото ваше срце и во добро и во лошо. Секој крст што ќе го добиете носете го достоинствено и во мир, тој ве заштитува од полоши работи. Ви посакувам среќен Божиќ полн со благослов“, им порача пејачката на своите верни обожаватели преку социјалните мрежи.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button