Северина обвинета за занемарување на детето – Центарот за социјално згрижување поднесе десетина пријави против неа
Поднесени се десетина пријави за занемарување на детето
Како што пренесуваат српските и хрватските медиуми, центарот за социјална грижа против неа поднесува кривична пријава.
Па така додека Северина (47) во Монте Карло рекламира очила за сончање и порачува „Секогаш гледајте ја светлата страна на животот“, а со атрактивните фотографии што ги објавува на социјалните мрежи порачува „Никогаш не треба да се откажете“, против неа се поднесени десетина пријави за занемарување на детето. Тоа се откри на конференцијата за новинари кога Северина ја најави својата голема турнеја и ја шокираше јавноста.
Имено, пејачката крајот на минатата година ја дочека со првостепена пресуда, која за многумина преставува преседан.
Хрватскиот суд со неправосилна пресуда одлучи дека синот што го доби од бракот со Милан Поповиќ треба да живее со таткото. Во меѓувреме на турнејата на Северина фановите цело време и даваа поддршка.
Таа ги полнеше арените и песните ги посвети на своите најблиски. На пресудата за која што се пишуваше во целиот регион, и претходеа пријавите од загрепското основно училиште во кое учеше нејзиниот син.
Беа поднесени десетина пријави за занемарување на детето. Тоа беше откриено на конференцијата за новинари.
Но ова е прв пат и Центарот за социјална грижа да поднесе казнена пријава против госпоѓата Којиќ.
Тие не сакаат да изнесуваат детали во врска со постапката и ситуацијата во семејството, пренесе 24сата.хр.
Инаку, поранешните партнери Северина Којиќ и Милан Поповиќ седум години судски се во спор околу старателството.
Се до последната пресуда синот беше доделен на мајката. Но по новата пресуда, која се уште не е конечна, познатата пејачка има право да го гледа својот син два пати седмично, по пет часа и секој втор викенд.