Реклама
Наши ѕвезди

Северина на црвениот килим се појави во необично издание, фановите разочарани: „Грдо и ужасно од машка перспектива. И од женска!“

Реклама

Еве како познатата Хрватка ги „фура“ трендовите

Северина на промоцијата на својот нов албум „Хало” во Загреб се појави во еден од водечките трендови за пролет – лето 2019. Станува збор за женски костим со бермуди, а пејачката избра шик модел во впечатлива и весела боја, идеален за потоплиот период од годината.

Маркетинг

Портокаловиот костум со предимензионирано сако и широки бермуди со должна до колена Северина го носеше со бела маица со интересен дезен, елегантни црни салонки и темни хулахопки до колената.

Таа целото издание го заокружи со ефектни обетки во облик на ѕвезди, а тоа дека внимава на секој детаљ покажа и со карминот кој одговараше на бојата на лакот за нокти. Но и покрај тоа што носеше извонредно шик издание кое е хит меѓу светските трендсетерки, нејзините фанови не беа баш воодушевени, а според некои од нив што се осмелија да коментираат на социјалните мрежи ова изгледаше грдо.

Маркетинг

 

Што мислите вие?

Поврзано

Back to top button