Наши ѕвезди

Северина Којиќ уапсена! Еве колку пари плати за да ја пуштат

Advertisement

Северина Којиќ вчера беше запрена од полицијата околу 21 часот во близина на еден трговски центар во Белград.

Advertisement

Полицијата го запрела БМВ-то со загрепски регистарски таблички, а при проверка откриле дека пејачката нема дозвола да се движи за време на полицискиот час и затоа била однесена во најблиската станица.

Таа потоа беше спроведена до судија за прекршоци.

Северина беше уапсена вчера во Нов Белград, каде се возела во својот автомобил за време на полициски час.

Advertisement

Пејачката имала три различни сведочења зошто ја напуштила куќата за време на полицискиот час.

Како што пренесуваат медиумите, таа била казнета со 50.000 динари. Познатата хрватска пејачка се согласила да ја плати целата казна веднаш.

Инаку, Северина ги менувала своите искази, најпрво велејќи дека тргнала да оди во аптека, а потоа ја променила нејзината приказна. Таа потоа изјавила дека само сакала да го препаркира автомобилот, но и дека се расправала со нејзиниот сопруг Игор Којиќ.

За прекршување на полицискиот час, од судија за прекршоци во Србија предвидена е парична казна во износ помеѓу 50.000 и 150.000 динари. Еве што имаше да каже познатата пејачка за тоа што беше приведена.

„По налог на дежурниот судија за прекршоци, јас ќе бидам кривично гонета во таканаречената скратена постапка. За прекршување на полицискиот час, кај прекршочниот судија е предвидена глоба од 50.000 до 150.000 динари. Доколку го повторам овој прекршок ме чека казна затвор. До тоа нема да дојде со сигурност “, рече пејачката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button