Северина Којиќ опиша како се излeчи од короната, па „pacпали“ по aнтивaкcepитe – фановите во шок од нејзините зборови!
„Пет дена морав да ја носам пријателката на раце бидејќи и откажаа нозе од короната“
Северина Којиќ пред неколку недели победи во борбата со корона вирусот. Таа сега реши јавно да прозборува за симптомите со кои се сретна, но и јавно да апелира на своите фанови да бидат одговорни и да носат маски.
„Јас ја прележав короната, немав симптоми, некои мои пријатели имаа посилни симптоми, беа немоќни и, фала му на Господ, сите се живи. Една моја пријателка од Сплит ја опиша својата приказна која ја ‘закачија’ на респиратор. Спортистка, млада, мака на три деца.. вели дека сакала да y*pe. Некои велат дека короната доаѓа во уште потежок облик.. некои велат дека ни доаѓаат марсовци.. Се можеме да слушнеме, но вие слушајте ја вашата совест и водете сметка за себе и за другите“, напиша Северина на Инстаграм, па додаде:
„Ова е Токио, таму бев во 2002 година. На нивните семафори би можело да се видат илјадници луѓе збиени едни до друг. Ова е Токио вечерва околу 20 часот по нивно време. сите со маски и на дистанца. Можеме ли ние вака? На телевизија постојано ни ги кажуваат бројките, толку заразени, толку пoчинaти + толку заразени за кои ни не знаат. Доктори и медицински сестри се заразени, болниците преполни, а луѓето се тешки болести како рак , чекаат. И сите чекаме некој да ни кае дека е готово. Но готово е со неодговорноста. Ве молам, носете маски и држете дистанца. Многу ги сакам луѓето и ми фалам и луѓето и концертите, но сега кога се разболуваат по илјада луѓе на ден, сега ве сакам најмногу. Ве молам носете маски и чувајте се. И немојте да бидете една од бројките. Ве молам“, напиша Северина на својот профил на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CGiGa1PJWDZ/
Но нејзината објава не им се допадна на сите. Некои фанови ја критикуваа дека не е упатена во проблематиката, повикувајќи се на ставовите дека ПЦР тестовите служат за формирање на банки со генетски материјал од сите луѓе на светот, објаснувајќи дека короната не постои, или, ако пости, дека намерно е измислена за да се манипулира со луѓето.
Северина реши да не молчи и во своите коментари се пресмета со оние што не веруваат во вирусот, туку во теориите на заговор. „Северина, зарем не го слушна академикот Радман што вели? Не слушна што вели за ПЦР тестот? Дали е ова платен оглас? Или се најаде тиква?“, ја праша една револтирана пријателка на Инстаграм.
„Госпоѓо, јас сум многу паметна и секогаш имам свое мислење. Паметта никој не може да ви ја плати. Да може, би им го платила тој курс на многумина. Еве, вие џабе споделете ои овој мој пост. За моја љубов. Јадете Биг Мак, не носите маски, но репостирајте го ова. Правите се дека сте малку паметни како… За џабе, му одговори Северина на еден дрзок фан.
„Не читам весници, ниту сум го слушала тој Ериксон, ни ПЦР ме интересира бидејќи пет дена ја држев болната пријателка бидејќи нозете и откажаа од короната. Повеќе пракса Сандра, помалку теорија… И за моја љубов репостирајте го ова, подигнете ја совеста.. И да нема корона, воздухот веќе е доволно загаден. Ве сакам. ОМГ? Тоа е некој странски израз?“ напиша Северина чии коментари веднаш станаа попопуларни од оние не теоретичарите на завери.
https://www.instagram.com/p/CGPFKpuBZiP/
https://www.instagram.com/p/CEPBWa0hF39/
https://www.instagram.com/p/CCx7bSMBzHZ/
https://www.instagram.com/p/CAVtVu3hsFD/
https://www.instagram.com/p/B_hGNorHGTs/
https://www.instagram.com/p/B8ZGIHChK3q/
https://www.instagram.com/p/B8JF0gpB9qM/