Реклама
Наши ѕвезди

Северина Којиќ е на работ на нервен слом: Пукна откако ја растури калимерата со нејзиниот Томица – го обвинува Игор за неуспехот?

Реклама

Се погласно се шушка дека пејачката Северина Којиќ ја растурила калимерата со своите најблиски соработници – менаџерот Томица Петровиќ, ПР експертот Давор Гргин и адвокат Дарио Будимир.

Српскиот таблоид Курир деновиве објави бомбастична статија со наслов „Снаата на Кеба пукна по разделбата со менаџерот: Северина на работ на нервен слом – Нема настапи, изгуби 70.000 евра”. Курир во текстот се занимава со шпекулациите во врска со наводната расправија меѓу хрватската пејачка Северина Којиќ и нејзините соработници.

Маркетинг

Курир пишува и дека од неодамна грижата околу кариерата на Северина ја преземал нејзиниот сопруг Игор Којиќ кому оваа работа и не му оди баш најдобро. Тие велат дека Северина некогаш пеела за осум до десет илјади евра, а Којиќ сега и договара настапи за само пет илјади.

Маркетинг

„Северина е безмилосна кон Игор, откако нејзиниот Томица ја напушти. Таа постојано му хистеризира, бара од него да се ангажира повеќе. Тој го толерира сето тоа, но никој не е заинтересиран за нејзините песни, па напорно му е да работи”, вели извор близок до Којиќ за Курир.

https://www.instagram.com/p/BtsyPobBbQb/?utm_source=ig_embed

 

Изворот исто така за Курир вели дека последниот албум на Северина кај публиката поминал катастрофално и дека интересот за неа одеднаш почнал да исчезнува како во Србија, така и во регионот. Затоа таа ги откажа последните три концерти, а Курир пишуваше и за нејзиниот настап за Денот на жената во Златибор, кој го опишаа како целосен колапс. Очигледно пејачката имаше продадено само 120 билети, а по бројност потполно ја победи Маја Беровиќ која во моментов е една најпопуларните пејачки во Србија, пишува Курир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button