Реклама
Наши ѕвезди

Северина испрати моќна порака на Инстаграм: Не се заразив од корона „журкајќи се низ Далмација“, престанете да ги етикетирате позитивните!

Реклама

Северина Којиќ пред неколку денови јавно потврди дека е заразена од коронавирус и иако нема никави симптоми, е многу дисциплинирана и се наоѓа во домашна изолација.

Таа откри како се чувствува, а силна порака им испрати на сите кои кон луѓето заразени од коронавирусот се однесуваат како да се „лепрозни“.

Маркетинг

– Ги повикувам луѓето кон позитивните од корона да не се однесуваат како кон лепрозни, посебно во малите места, за што луѓето ми пишуваат, туку да им помогнат колку што можат. И телефонски разговор со некој и порака на мобилен понекогаш се доволни за да мислите на некој. Знам дека не смеете до нив, но однесете им овошје пред врата или уште подобро топла супа од домати. Не се занимавајте со пребројување и озборување. Солидарноста е она што може да не спаси и заштити, рече Северина.

https://www.instagram.com/p/CD398EWhsVe/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

Пејачката веднаш откако дознала дека има ковид-19 на социјалната мрежа Инстаграм, ги извести своите фанови и ги замоли медиумите да не ги нагаѓаат местата на кои би можела да се зарази:

https://www.instagram.com/p/CDyfy9rB1MC/

-Иако немам никакви симптоми, денеска добив потврда дека сум позитивна на ковид-19, додека тестот на синот беше негативен. Веднаш утрово, по контактот со епидемиологот, ги презедов сите мерки, веднаш го известив и таткото на детето и во договор со таткото го предадов два дена пред одредениот термин, за самоизолацијата да ја помине со него, без оглед на негативниот тест. За да ја заштитиме заедничката приватност и да ја избегнеме стигматизацијата на детето, воедно го известив и таткото за дискреција, напиша Северина.

https://www.instagram.com/p/CDQnjVehBV-/

Во долгата на објава на својот Инстаграм, Северина до детали објаснува што доживеала кога дознала дека е позитивна.

https://www.instagram.com/p/CDgd1EIhZoI/

– Но, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појави веста дека сум заразена „журкајќи се со детето низ Далмација“. Значи да, имам позитивен тест, немам симптоми, се заразив од блиска личност, веројатно по враќањето во Загреб, а не во текот на летувањето во Далмација. Бидејќи тоа лице вчера доби позитивен тес, веднаш јас и мојот син отидовме на повторно тестирање, зошто нашиот прв наод, за двајцата беше негативен. Апелирам до медиумите, посебно на оние во Србија да не воздржат од објава на невистините, непроверени односно измислени информации, децидна е Северина.

https://www.instagram.com/p/CDWBV_MhYEb/

https://www.instagram.com/p/CC-yFOFBS-_/

https://www.instagram.com/p/CCqR52cBH4o/

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button