Свршеницата на Дарко Лазиќ повторно провоцира на Инстаграм – го покажа своето рамно стомаче, а пред месец дена се породи!
Новопечената мама ја објави својата прва фотографија по породувањето.
Пејачот Дарко Лазиќ и неговата свршеница Марина Гагиќ станаа родители пред четири недели кога им се роди син.
Новопечената мама на социјалните мрежи ја објави својата прва фотографија по породувањето и ги воодушеви сите.
Од фотографијата јасно се гледа дека Марина за кратко време ја вратила својата линија што ја имаше пред бременоста, па во коментарите доби голем број комплименти на сметка на својот изглед.
Марина позираше во топ од тантела во тиркизна боја, а во преде план е нејзиниот стомак кој изгледа одлично за некој што се породи пред месец дена.
Инаку, свршеницата на Дарко и непосредно пред да се породи објави неколку фотографии на социјалните мрежи на кои позираше во провокативно издание.
Таа и тогаш, во деветтиот месец од бременоста, подигна голема прашина, облечена во костим за капење.